Денес со почеток од 20.45 ќе се одигра 11тото издание од италијанскиот ТИМ трофеј куп. ТИМ трофеј купот е фудбалски турнир помеѓу трите најголеми клуба на Апенинскиот полуостров Интер, Милан и Јувентус кој се игра еднаш годишно во текот на летото.
Турнирот има специјален начин на играње, односно три натпревари со траење од 45 минути во кои победата се наградува со 3 поена, нерешениот резултат со 1 поен, а за секој постигнат гол се добива и еден поен плус. Доколку натпреварот заврши со нерешен резултат, победникот се решава во пенал рулет по кој победникот добива 2 поени а поразениот 1 поен.
Од основањето во 2001 одиграни се 10 овакви турнири, а Интер е најуспешен со освоени 6 трофеја, Милан е втор со 3 а последен Јувентус со само 1 освоен трофеј. Натпреварувањето нема големо значење во однос на трофејот бидејќи правилата не кореспондираат со Фифа правилата за игра. Но иако трофејот нема голема важност желбата да се освои е голема бидејќи сите три клуба се големи ривали помеѓу себе.
Овогодинешното издание се игра во Бари на стадионот Сан Никола, а бранител на трофејот е Интер кој лани под водство на Бенитез го победи Јувентус со 1-0, а Милан го победи со 3-2 на пенали. Натпреварот започнува со дербито на Италија, Интер и Јувентус. Поразениот од овој натпревар веднаш продолжува против Милан, а победникот ќе игра со Милан после завршувањето на вториот натпревар со што се комплетира триаголникот.
Интер - Јувентус
Поразен од 1 натпревар - Милан
Победник од 1 натпревар - Милан
Во текот на вчерашниот ден Гасперини ги одреди своите 25 играчи кои ќе присуствуваат на турнирот. Забележително е отсуството на Ето кој во овие денови го привршува договорот со Анжи и Марига кој отпатува во Шпанија каде што ќе ја комплетира позајмицата во Реал Сосиедад. Нагатомо, Цезар, Маикон, Ривас, Кордоба и Вивиано се повредени. Шанса првпат да настапи во црно синиот дрес добива Џонатан кој е комплетно опоравен и спремен за овој натпревар.
Еве ја комплетната листа на играчи:
Голмани: Лука Кастелаци, Паоло Орландони, Матео Цинцила.
Одбрана: Лука Калдирола,Лусио, Андреа Ранокиа, Валтер Самуел, Кристијан Киву, Давиде Фараони, Давиде Сантон, Лука Бјанкети, Хавиер Занети, Џонатан.
Среден ред: Дејан Станковиќ, Тиаго Мота, Весли Снајдер, Рикардо Алварез, Естебан Камбиасо, Џоел Оби, Лоренцо Крисетиг, Сули Мунтари.
Напаѓачи: Џампаоло Пацини, Диего Милито, Горан Пандев, Лук Кастињос.
Пренос на ТИМ Трофеј купот обезбеди Македонската национална телевизија МТВ и започнува во 20.45 минути.
| < Пред | Следно > |
|---|



