Fcinter.com.mk денес го слави својот втор роденден, на денешен ден пред 2 години идејата за сајт наменет за македонските фанови на Интер конечно беше реализирана и истиот беше ставен во употреба.
Идејата за овој сајт се роди на еден од македонските интернет форуми каде одредена група на фанови на Интер работеше на предлогот да се направи блог за тимот каде што ќе се пренесуваат одредени новости во врска со Интер и ќе се пишуваат наши мислења и ставови поврзани со овој тим, како и конечно да создадеме една основа за да формираме официјален фан клуб на Интер во Македонија.

Од идејата за блог веднаш се префрлиме на идеја за сајт, идеја на која се работеше во текот на сезоната 2008-2009, идеја која конечно беше реализирана на 18ти Август, 2009 година.
Првиот артикл кој беше напишан на овој сајт се однесуваше на изјавата на Мурињо во врска со прогнозата на Липи кој изјави дека Јувентус ќе ја освои титулата во сезоната 2009-2010 ( добра прогноза, малку фалеше ... ).
Во текот на овие 2 години бројот на посети рапидно се зголеми, во 2009 имавме 500 посети дневно просечно а денес тој број е скоро 3000, исто така и членството на фан пејџот кој го контролираме на Фејсбук драстично се зголеми, од 1000 членови во 2009 година денес ја стигна бројката од 6000 со тенденција да стигне и до бројката 10 000. Интересни станавме и за весникот '' Нова Македонија '', добивме покана од нивниот новинар Златко Крстевски за едно интервју каде одговаравме на прашањата поврзани со сајтот, поврзани со навивачите на Интер во Македонија, поврзани со Интер како и со идејата за официјален фан клуб во Македонија, идеја која конечно е реализирана благодарение токму на fcinter.com.mk па од наредната сезона конечно и фановите на Интер од Македонија ќе влезат во црно-синото семејство на официјални фан клубови ширум Светот.

Покрај активностите кои ги превземавме за формирањето на официјален фан клуб во Македонија, имавме и успешни аквитности поврзани со навивачките реквизити кои ги направивме за фановите на Интер во Македонија, имавме успешна акција со дресовите, маиците и навивачките шалови кои беа продадени во повеќе од 250 примероци. Успеавме и да дојдеме до Ето кој беше фотографиран со навивачкиот шал ''Inter Fans Macedonia''.

Во овие 2 години ги доживеавме можеби и најубавите моменти кои ни ги пружи Интер како клуб, пишувавме за историската тројна круна за сезоната 2009-2010, прва во историјата на Калчо фудбалот, пишувавме за освојувањето на Супер Купот во Италија, освојувањето на Светската Клупска Титула и освоениот Куп на Италија за сезоната 2010-2011, бевме тука кога и Пандев конечно потпиша за Интер, пишувавме и за работи кои се окарактеризирани како неуспех на екипата, освојувањето на второто место минатата сезона во Италија, елиминацијата од Шалке во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите, за поразот од Атлетико Мадрид во европскиот Супер Куп, за отказот на Рафаел Бенитез, но како и да е, ние без оглед на се' ќе продолжиме да пишуваме за Интер како клуб, и во добро и во лошо, ние секогаш ќе бидеме тука навремено да ве информираме и заедно со вас да ги споделуваме сите добри и лоши моменти поврзани со овој тим, нормално, се надеваме дека оние добрите секогаш ќе преовладуваат.

-
|2011-08-19 15:43:10 Cuska_labSo dobra kolektivna rabota dobar odnos sekogas ke sme najaki kako i sto sme sekogas FORZA INTER DA SLAVIME USTE MNOGU GODINI FORZA RAGAZI FORZA INTER NOI SIAMO SEMPRE CON VOI !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved."
| < Пред | Следно > |
|---|



