Нераѕурите пристигнаа во Женава за последниот пријателски натпревар сезонава.
Иако беше најавувана пријателска средба со Малага, сепак клубот се одлучи за средба со грчкиот прволигаш Олимпијакос, а дуелот ќе се одигра во Женева, денес со почеток во 18.00 часот.
Калчото за Интер започнува точно за една недела со првиот дуел Интер - Лече а сезоната ќе ја отворат Сиена и Фиорентина еден ден претходно. Гасперини за последен пат ќе може да комбинира со составот и да испробува нови опции, од следната недела започнува борбата за скудетото. Во дуелот со Олимпијакос нема да настапат Снајдер, Лусио, Станковиќ, Кордоба и Мунтари поради минорни повреди. Нагатомо и Вивиано се на подолго отсуство поради повреди. Во составот го нема и Самуел Ето кој веќе го комплетираше трансферот во Анжи.
Голмани: Жулио Цезар, Лука Кастелаци, Паоло Орландони.
Одбрана: Лука Калдирола, Андреа Ранокиа, Валтер Самуел, Кристијан Киву, Давиде Фараони, Давиде Сантон, Хавиер Занети, Џонатан.
Среден ред: Тиаго Мота, Рикардо Алварез, Естебан Камбиасо, Џоел Оби, Лоренцо Крисетиг.
Напаѓачи: Џампаоло Пацини, Диего Милито, Горан Пандев, Лук Кастињос.
Линкови за онлајн следење на дуелот преку нашата фејсбук фан страна: FC Inter Fans - Macedonia
!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved."
| < Пред | Следно > |
|---|



