
-"Не сакав да го напуштам Интер, но околностите се такви." изјави тој за насобраните новинари пред канцелариите на Интер. - "Најважната работа е да бидам среќен, и сега сум, и тоа многу." Со голем ентузијазам Пандев вели дека трансферот во Наполи е добар потег. -"Наполи е голем тим и таму има одлична атмосфера.
Во меѓувреме Наполи го објави овој трансфер и на својот официјален веб сајт, а трансферот ќе се комплетира во понеделник со поднесување на документите во Италијанскиот фудбалски сојуз. Пандев заминува на едногодишна позајмица без опција да биде откупен од Наполи, за неговата плата од 3.5 милиони евра ќе се погрижат двата клуба, односно Интер ќе плати 2 а Наполи 1.5 милиони. Пандев во Наполи ќе го носи бројот 29.
Трансферот е потврден и на официјалниот сајт на Интер www.inter.it, еве го комплетниот текст со кој Интер му се заблагодари на нашиот репрезентативец.
Милано – Ф.Ц. Интернационале го потврдува трансферот на Горан Пандев во Наполи.28 годишниот Македонски напаѓач привремено ќе го напушти клубот на нероаѕурите откако направи 69 настапи и постигна 8 голови, вклучувајќи го и оној во ФИФА светското клубско натпреварувањево финалето против Мазембе во Абу Даби и неговиот прекрасен погодок кој го означи кам бекот против Баерн Минхен минатата сезона во лигата на шампиони.
Пандев беше донесен во Италијанскиот фудбал од страна на Интер во 2001 и заедно со младинскиот тим на Интер го освои скудетото за младинци до 19 години и Виареџо купот.После позајмиците во Специа, Анкона и петте сезони со Лацио, се врати во Милано каде што во рок од шест месеци освои СЕ, вклучувајќи го Италијанското скудето, Италијанскиот куп и Лигата на Шампиони, Последната година со Интер го освои Италијанскиот супер куп, светскиот фудбалски куп и уште еднаш италијанскиот куп.
| < Пред | Следно > |
|---|




ako nemas popametna rabota drapaj si jajcata :)
inace taka e vo fudbalskiot sve ke plaka ama na kraj na sezonata se vraka vo Inter pa ke mozat da si go prodadat ili zadrzat,sega ne im treba vo inter i namesto da plakaat 3,5 godisno ke plakaat 2m