Интер го испрати Пандев на позајмица без право на откуп во Наполи. Клубот официјално му се заблагодари на Пандев за постигнувањата во Интер, како во младинските денови така и во последните две сезони кога со Интер освои се што може да се освои.
По Самуел Ето си замина уште еден од клучните елементи во шампионската машина на Мурињо, а Интер се надева дека во Неапол Пандев ќе ја пронајде старата форма. Според медиумите поврзани со Интер, Пандев не се вклопува во формацијата и плановите на Гасперини па така овој потег е идеален за сите страни.
Ние како редакција на fcinter.com.mk со големо воодушевување ја дочекавме веста за доаѓањето на Пандев во тимот, во јануарскиот преоден рок за 2010. Присуството на Македонец во еден од најголемите тимови на светот, и тоа тимот за кој навиваме, не направи посебно горди. Пандев брзо почна да ја враќа старата форма по 6-месечна пауза и постигна гол во победата од 2-0 против Милан, но најдоброто следуваше потоа. Заедно со Ето, Пандев ги жртвуваше головите, преземајќи една нова и многу поодговорна улога во тимот. Секогаш ќе се сеќаваме на работата која Пандев ја заврши со Бане Ивановиќ против Челзи и неуморното покривање по левата страна од теренот, како и со Дани Алвеш против Барселона, и на фуриозната акција за вториот гол кој го најави пресвртот на Интер и пласманот во големото финале. Пандев стана третиот Македонец со трофејот кој им припаѓа на најголемите во Европа, и дел од една генерација која после 40 години го врати пехарот во Милано и си ги запиша имињата во историјата на клубот.
Пандев погоди и во финалето на Светскиот куп, а во лошата сезона за тимот блесна со голот против Баерн, момент кој на кратко ја долови големината на Интер и им донесе воодушевување на навивачите.
Сметаме дека секој од нас треба да е горд што еден наш фудбалер стигнал толку високо, освоил толку многу и бил многу значаен дел од постигнувањата на клубот. Му посакуваме големи успеси со Наполи во Италијанската лига и во Лигата на Шампионите, и понатаму да биде вистински спортски амбасадор на нашата држава. И му благодариме за се што направи за Интер.
А по една година, којзнае...
Со почит,
тимот на fcinter.com.mk
-
|2011-08-30 03:28:37 don GOCEMa super,ke odi tamu kas sto ko cenat,a sto ne bese slucaj vo Inter.Tamu kaj sto te cenat ke pokaze sto znae majstopot,da "rastura"uBAVO E NAPISANO vo citatot gore,da ne se poftoruvam.Dodeka bese Murinjo ,Pandev rasturase i osvoija sve sto mozese da se osvoi,sega ne im treba......Good Laock Sampione...forca NAPOLI......FORCA KUN FU PANDEV!!!!!!!!!!!!!!!!!!
!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved."
| < Пред | Следно > |
|---|



