
Пјерлуиџи Казираги е еден од најпочитуваните набљудувачи на Интер (наградуван е како најдобар во таа категорија во Италија). Многу од младите фудбалери кои тој ги набљудувал и оценувал, ги препорачал на луѓето од Интер.
Во интервјуто за Интер каналот тој пренесе некои анегдоти и лични размислувања:
„Пандев? Ние се интересиравме за еден друг Македонец, Стојков. На Пандев воопшто не сметавме. Нивните патеки потоа тргнаа во обратен правец.“
„Денес сите велат дека се следат сите делови од светот. Се знае се и за секого. Скаутите се насекаде. Ние во Интер бевме први, заедно со Емполи и Удинезе. Подоцна и други тимови направија своја датабаза на млади играчи кои ги следат и за кои прибираат информации.“
„Како што се промени професијата, така се промени и истражувањето низ годините. Возраста на играчите кои се следат е намалена на 15/16 години. Често ќе имаш прекрасно мислење за некој но до 18 години тој не напредувал според очекуваното. Некогаш спротивното се случува, како со Кастињос. Го гледав кога имаше 16 години и не ме импресионираше. На 19 години тој се изгради во фудбалер на кој може да се смета. Како би се обложил на него после 20-та година? Кој се обложува обично губи.“
„Нашата задача е тешка, затоа што кога играат со своите врсници, талентираните фудбалери лесно се забележуваат. Подоцна кога ќе дојдат во првиот тим станува многу тешко. Мораме да се потпреме на чувството и да ги одбереме оние кои имаат талент кој може да се надградува со работа. Потоа доаѓаат други работи...“
„За младинскиот тим? Имаме добри играчи иако е тешко за нив да се наметнат во првиот тим. Повеќето мораат да одат на позајмица за да созреат ментално. Кога доаѓаат во нашата академија тоа им е прва година надвор од дома и други потешкотии се јавуваат. Вистина е дека многу од нив се снајдоа одлично во други средини и тоа значи дека сме направиле добра работа.“

(Пандев во Примавера тимот на Интер)
| < Пред | Следно > |
|---|



