Во интервју за Кориере дело Спорт, Горан Пандев потврди дека не е задоволен од атмосферата во Интер и доколку мора да остане во Италија, прв избор ќе му биде Наполи.
„Во Интер сфатив дека нешто се смени. Поради тоа вредеше да ја променам средината и да барам нова мотивација. Наполи беше вистинскиот избор“ - изјави Пандев.
Новинарите не пропуштија да го прашаат што мисли за Мурињо: „Исклучителна личност, навистина специјален, транспарентен и искрен човек. Авторитетна личност. Всушност, сите играчи кои ги тренираше тој кажуваат само добро за него. Дури и сега сме во контакт, постои взаемна почит.“
„Иднината? Не знам, ми се допаѓа Шпанија и Англија. Ако морам да останам во Италија, би останал во Наполи.“
Последното прашање за Пандев беше околу Скудетото 2011/12: „Јувентус имаат предност поради тоа што не играат во куповите, потоа тука се Удинезе, Лацио, ние, и да не го заборавиме Интер.“
| < Пред | Следно > |
|---|



