Брзо инфо
Руи Патрицио би можел да биде следната мета на Интер »
И покрај понудите, Форлан сака да остане во Интер »
Договорoт на Киву најверојатно ќе се обнови деновиве »
Страмачиони е нов тренер на Интер »
Еспањол сака да го купи Кутињо »
Џонатан во Парма како позајмен играч до јуни »
Калдирола како позајмен играч во Бреша до јуни »
Поранешниот играч на Интер, Мансини, е осуден за силување! »

Составот на Интер и јануарските трансфери 2

Е-пошта Печати PDF

super-kup-2010

Разгледувајќи ја одбраната на Интер, воочлив е проблемот кој почнува полека да излегува на површина. Со исклучок на Ранокија, и нагатомо, останатите играчи или се при крајот на кариерата или немаат доволно искуство за да бидат стабилни првотимци кои ќе го понесат товарот.

 

Моменталната ситуација во Интер брои единаесет фудбалери со дефанзивни карактеристики, од кои шест имаат над 30 години, двајца имаат 25 години, а останатите четворица се помлади од 23 години.

Започнувајќи со старите играчи, се наметнува дилемата кои од нив сеуште можат да се носат со товарот од преку 60 натпревари во сезона, а воедно и да прикажат солидни резултати.

Иднината на тимот дефинитивно ќе се потпре на Ранокија, затоа доволно зборува и фактот што веднаш после опоравувањето од повреда, го завзема местото на Самуел во стартниот состав, иако Аргентинецот е во одлична форма.

rannochia-vs-schalke

Покрај Ранокија, вториот централен дефанзивец можеби ќе биде младиот Лука Калдирола, 19 годишниот играч кој помина една сезона на позајмица во Витесе.Тој моментално се наоѓа во првиот состав на Интер но ретко добива шанса за игра. Како можно засилување на тимот со млади играчи на централната позиција, најмногу спомнуван е Вертонген(23)(линк до статија) од Ајакс. Капитенот на Ајакс има договор до 2013, а негов трансфер би го чинело Интер приближно 10-12 М евра. Вториот играч кој се споменува како засилување на централната позиција е Жуан(24) од Интернационал(линк до статија), кој според последните информации е пред трансфер во тимот.(линк до статија).Бековските позиции кај Интер значително се засилија оваа година со трансферите на Џонатан и Нагатомо. Самурајот покажа одлични способности, а неговата брзина на теренот беше доволна да му го завземе првотимскиот статус на Киву.

Џонатан пристигна летово во Интер, немаше многу шанса да покаже што знае, но дефинитивно има време за него да покаже многу. Сличноста со Маикон постои, да се надеваме дека соработката со него ќе се одрази и на неговата игра на теренот, одлично би било да го имаме повторно Маикон на 24 години.

Ситуацијата со актуелните постари играчи е следна: Киву најверојатно ќе го напушти составот веќе оваа зима, но може и да го одработи до крај својот договор до летото. Причината за неговиот трансфер надвор е слабата игра, како и тоа што го изгуби првотимскиот статус. Заинтересирани за ангажман на Киву се Тотенхем, Џенова и Ајакс.

cordobaКордоба иако веќе подолго време не е првотимец, сепак цврсто се држи до Интер, како постар член на екипата, се очекува Кордоба да се пензионира како Интерист, а потоа да завземе некоја функција во тимот.

 

 

 

lucio-01Лусио и Самуел ќе останат во тимот, со оглед на тоа што Интер не би профитирал многу од нивни трансфери, а многу позначајно е нивните карактеристики да ги префрлат на младите играчи кои созреваат во тимот. Фараони чија природна позиција е десен бек покажа добра игра во изминатиот период, неговото време допрва доаѓа. Што се однесува до најдобриот десен бек на светот, Даглас Маикон, тој ќе остане во Интер. Големите суми кои се вртеа околу него минатото лето повеќе ги нема, а Интер не сака да го трансферира за ниска цена кога во тимот сеуште нема соодветна замена за него. Маикон останува прв избор за десната бековска позиција и за следните неколку години, а како што споменав погоре ќе има задача да го пренесе знаењето врз Џонатан.

После реконструкцијата на одбранбената четворка, Интер би требало да изгледа вака:

со што овие четворица ќе ротираат често со помладите со цел градење на идната дефанзивна четворка која најверојатно ќе изгледа вака:

Останува на техничкиот кадар на Интер да одлучи како ќе се гради дефанзивата во иднина.

Играчите од младинскиот состав на Интер кои се на позајмица во други клубови (Бираги, Бенедети, Донати, А.Еспозито, Д.Еспозито, Меи, Наталино, Ригионе) како и актуелните играчи во тимот на младинците (Алборно, Бандини, Бјанкети, Галимберти, Џанети, Кисела, Мдаје) во текот на оваа година ќе се обидат да покажат колку вредат. Во однос на нив, техничкиот кадар на Интер овој пат ќе биде многу претпазлив бидејќи не сака да се повтори ситуацијата со Бонучи кога беше позајмен а потоа и продаден, за на крај да излезе стандарден првотимец во Јувентус.

Линк до првата статија

 

Коментари (0)
Напиши коментар
Your Contact Details:
Коментари:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img]   
Security
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved."

 

Добредојдовте!

te_sakam_001

Важно!!!

На еден наш многу добар пријател му е потребна помош. Димитар Димоски има 20 години и од 2005 година боледува од Кронова болест со фистулозни форми заради што повеќе пати е хируршки третиран. Досега е лекуван со 5-ACA препарати, кортикостероиди, а од 2010 година е на континуирана имуносупресивна терапија со азатиоприн (имуран), но без соодветен одговор. Согласно светските искуства и протоколи за третман на оваа тешка болест и нејзините компликации, неопходно е започнување со терапија со Infliximab (Remicade) која чини околу еден милион денари.

Покажете ја вашата хуманост и завртете на следните броеви:

- 070 143 115 (За корисниците на Т Мобиле)

- 077 143 705 (За корисниците на VIP)

Жиро сметка: 530 5000 151 92 970 - Охридска банка

Ви благодариме однапред на сите!

Интер - Милан 4:2

Пријатели

Кој е на сајтот?

Има 63 гости присутни

Нашата Facebook страница
Следи не на Twitter