Брзо инфо
Руи Патрицио би можел да биде следната мета на Интер »
И покрај понудите, Форлан сака да остане во Интер »
Договорoт на Киву најверојатно ќе се обнови деновиве »
Страмачиони е нов тренер на Интер »
Еспањол сака да го купи Кутињо »
Џонатан во Парма како позајмен играч до јуни »
Калдирола како позајмен играч во Бреша до јуни »
Поранешниот играч на Интер, Мансини, е осуден за силување! »

Составот на Интер и јануарските трансфери 3

Е-пошта Печати PDF

sneijder-2010-1Средниот ред на Интер, местото каде што се очекува најголема реконструкција, а Интер има најголем проблем, посебно што најкреативните играчи, Снајдер и Мота често се повредуваат, а останатите по природа се деструктивци или премлади за да го понесат товарот.

 

 

Реконструкцијата на овој дел од теренот започнува со доаѓањето на Кутињо. Дополнителното повлекување на неколку младинци од академијата, и новите потписи оваа сезона говорат дека Интер во иднина ќе се потпре на помлади играчи.

 

muntari-juventusЕдинствен трансфер надвор од клубот во јануарскиот преоден рок е можен само за Сулеј Мунтари, за кого доволно е кажано во летниот преоден рок, кога одби било каков трансфер надвор од клубот поради ниските примања кои ќе ги добие во било која друга средина. Сепак фановите на Интер кои го сакаат надвор нека не се радуваат предвреме. Со оглед на тоа што Раниери му даде неколку шанси, а и што Мунтари има уште шест месеци до крајот на договорот, нема да биде чудо ако остане до крајот на сезоната.

Останатите играчи во тимот остануваат дел од составот минимум до Јуни. На крајот на оваа сезона ќе биде позната иднината на Станковиќ, Камбиасо, Снајдер и Мота. Станковиќ веќе почна да навлегува во крајот на кариерата, а повлекувањето од репрезентацијата го потврдува истото. За него има две опции, да остане во Интер и да пренесе дел од своите квалитети на младите, а воедно и да им покаже како се жртвува за тимот што е најсигурната варијанта. Втората опција му е трансфер во клубот кој ја лансираше неговата кариера, Црвена Ѕвезда каде можеби ќе одигра уште неколку сезони. Едно е јасно, Дејан би одбил трансфер во конкурент на Интер за скудетото.cambi_02

Камбиасо останува во тимот, примамливите понуди од другите клубови не можеа да го убедат да се трансферира надвор во текот на летото, нема да можат ниту следното. Тој има стабилен договор и ќе го одработи до самиот крај.

Весли Снајдер, најскапоцениот играч на Интер. Најнесигурната иднина е неговиот случај. Интер успеа да го задржи во текот на летото со продажба на Ето, но доколку Интер мора да продава повторно поради ФФП правилата кои пристигаат, тогаш тој е прв на листата за излезни трансфери. Понуди за Снајдер има од целиот свет, почнувајќи од Манчестер Јунајтед до Анжи. За него е јасно дека ќе остане во Интер до крајот на сезоната, но летото ќе значи нов бран шпекулации, вклучувајќи и интересни видеа на  youtube од фановите на Јунајтед за трансфер на Снајдер.

Последниот од искусните е Тиаго Мота. Играчот со стаклени нозе, можеби пропушта многу натпревари поради честите повреди, но кога тој се наоѓа на терен Интер е друг тим, а за тоа сведочи и фактот што во секој натпревар во кој Интер го имал него во составот, Интер не губи. Мота останува во Интер до крајот на договорот. Продолжување на соработката ќе зависи директно од неговите повреди кои со текот на годините сигурно ќе се зголемуваат.

Алварез, Кутињо, Оби, Крисетиг и Поли. Првите четири играчи се "комплетно" играчи на Интер(50 проценти од договорт на Оби е во сопственост на Парма), и техничкиот кадар на Интер во нив ја гледа иднината на клубот. Алварез, Кутињо и Оби ја покажаа својата вредност, Алварез иако со проблеми сепак успеа да покаже што поседува, а задржувањето на Кутињо и Оби во тимот, и не испраќање на позајмица значи дека остануваат во тимот да учат од постарите, иако и двајцата добиваат големи шанси за настап со оглед на големиот број на повреди. Крисетиг и Поли се единствените за кои не е загарантирана иднината во Интер. Крисетиг не доби многу шанса да покаже што знае, а Поли настапи само еднаш поради повредата која ја носеше уште во летото, кога покажа добра игра иако играше на комплетно несоодветна позиција.

Вториот дел на сезоната ќе има големо влијание за нивната иднина, и не се очекува никој од нив да трансферира надвор во текот на овој преоден рок.

Влезни трансфери во Интер според најавите ќе има многу, а оние поврзани за средниот ред се најинтересни. Најспомнувани се: Монтоливо, Касемиро, Лукас и Куцка.

На прво место секако е Куцка поради фактот што Интер поседува 50% од неговиот договор. Во 2012 ќе биде играч на Интер, прашањето е само дали во Јануари или во Јуни. И Интер и Џенова имаат слаби резултати, па затоа и двата клуба сакаат да го задржат за себе. Крајот на овој трансфер ќе го даде Морати, но ќе зависи и од други трансфери на играчи, доколку Интер не успее да земе стабилно засилување во Јануари, тогаш Куцка доаѓа веднаш.

Монтоливо има договор до Јуни 2012 со Фиорентина. Трансферот надвор е сигурна работа затоа што Фиорентина сака да добие барем нешто од него. Единствен проблем при овој трансфер е тоа што има и други клубови кои се поврзуваат со него, а со оглед на финансиската ситуација, Интер нема да се вклучи во лудо наддавање за играч чиј договор наскоро истекува. Интер моментално е најблиску до него, но се може да се случи.mota-barsa

Лукас и Касемиро се Бразилците по кои Европа ќе тргне. Клубови како Реал Мадрид и Челзи се загреани за нив, со што цената дополнително расте. Трансфер на еден од овие играчи е тешко да се случи, но се зависи и од претседателот кој мора да пресече. Интер може да ги купи и двајцата, за што Морати би издвоил средства, но ФФП правилата мора да бидат почитувани, што значи дека трошење на големи пари само за да се купи некоја потенцијална мега ѕвезда пред Челзи.Сити или ПСЖ е надвор од опција. Дополнителни имиња кои се врзуваат со Интер има многу, Лавеци, Хамшик, Гуарин, Наинголан,Банега а трансфер шпекулации има и за Даниеле Де Роси.

Конкретни трансфер цели, скоро сигурни трансфери за Интер нема, една од причините ја истакна и Раниери, велејќи дека штом го спомнат името на некој играч неговата цена веднаш расте.

Иднината на Интер најверојатно ќе изгледа овака во следните неколку години.

-----------------Камбиасо--------------

------------Занети----------Мота-------

-------------------Снајдер--------------

Со што после комплетната реконструкција, тимот би изгледал овака:

-----------------Поли--------------------

-----------Оби--------Алварез-----------

----------------Кутињо-------------------

Секако, дополнителните трансфери, и варијации на тренерот кој е сега во Интер или оние кои би дошле во иднина директно ќе влијаат на изгледот на средината и играчите кои ќе се најдат во неа.

За крај извинување до фановите кои забележаа дека во ниеден артикл ниту во одбраната, ниту во средниот ред го нема Занети, но согласно договорот со другите модератори, Хавиер Занети и зборот трансфер не можат да одат во ист артикл :).

 

Коментари (5)
  • El Principe
    За крај извинување до фановите кои забележаа дека во ниеден артикл ниту во одбраната, ниту во средниот ред го нема Занети, но согласно договорот со другите модератори, Хавиер Занети и зборот трансфер не можат да одат во ист артикл :). SEKOJA CEST ZA NAPISANOVO !!!! :)))
  • ed
    Ako Inter gi zeme ovie veruvaj nema da igraat za Italija ...haha :))
  • Mileto  - nema da bidi loso
    Mislam deka sega mozime da go iskoristime momentot za dva transferi. Montolivo za evtini pari da go donesmie uste vo januari ili najkasno vo juni za bez pari i plus to vcera procitav negde deka Inter bil zainteresiran za Angelo Palombo od Sampdoria. I toj mozi da se zemi za evtini pari sega ili najkasno na leto posto sigurno takov igrac nema da ostani 2 sezoni vo seria B a Samp. tesko deka ke obezbedi plasman vo seria A. So ovie 2 igraci plus Motta i Poli ke imame sreden red od reprezentacija na Italija so i ne e taka loso :)
    P.S. Da se razberime, ne mislam deka Sneijder treba da se prodaj, ni na kraj pamet!
Напиши коментар
Your Contact Details:
Коментари:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img]   
Security
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved."

 

Добредојдовте!

te_sakam_001

Важно!!!

На еден наш многу добар пријател му е потребна помош. Димитар Димоски има 20 години и од 2005 година боледува од Кронова болест со фистулозни форми заради што повеќе пати е хируршки третиран. Досега е лекуван со 5-ACA препарати, кортикостероиди, а од 2010 година е на континуирана имуносупресивна терапија со азатиоприн (имуран), но без соодветен одговор. Согласно светските искуства и протоколи за третман на оваа тешка болест и нејзините компликации, неопходно е започнување со терапија со Infliximab (Remicade) која чини околу еден милион денари.

Покажете ја вашата хуманост и завртете на следните броеви:

- 070 143 115 (За корисниците на Т Мобиле)

- 077 143 705 (За корисниците на VIP)

Жиро сметка: 530 5000 151 92 970 - Охридска банка

Ви благодариме однапред на сите!

Интер - Милан 4:2

Пријатели

Кој е на сајтот?

Има 62 гости присутни

Нашата Facebook страница
Следи не на Twitter