Се погласни се гласините за заминување на Тиаго Мота, и тоа уште во зимскиот преоден рок. Нешто што сигурно не ги остава навивачите рамнодушни.
„Тиаго Мота во ПСЖ? Се е можно во фудбалот, посебно во зимскиот преоден рок“ - изјави агентот на фудбалерот, Дарио Канови.
„За сега се само разговори, ќе видиме дали нешто ќе се случи. Претпоставувам дека Париз е посакувана дестинација за Мота, пред се поради Анчелоти кој има високо мислење за него, но и Леонардо со кого работеше во Интер минатата година“ - рече Канови.
„Мота направи историја со Интер и се надеваме дека нема да замине“ - изјави Морати вчера.
Во Интер се свесни дека е тешко да се најде замена и затоа во моментов Мота е недопирлив, но трансфер пазарот е непредвидлив и може да донесе секакви изненадувања.
!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved."
| < Пред | Следно > |
|---|



