Мекдоналд Марига се враќа во Италија по петмесечната позајмица во Реал Сосиедад, но не во Интер, туку во неговиот поранешен клуб - Парма. Кениецот ќе ја заврши сезоната во редовите на „млекарите“ откако денес беа и потврдени шпекулациите кои што произлегоа оваа недела.
Попладнево беше и официјализирана позајмицата на Марига, кој не е во плановите на Интер и Раниери за продолжението од сезоната. Кениецот претходно не беше ниту во плановите на Гасперини па поради тоа беше и пратен на позајмица во Шпанија.
Марига пристигна во Интер пред две години, во зимскиот трансфер период кога на чело на Интер беше Мурињо. По заминувањето на Патрик Виеира, Португалецот беше во потрага по деструктивец со слични карактеристики, но се чини дека на Кениецот не му беше дадена вистинска шанса на Меаца. Минатата сезона забележа скромна минутажа.
Од договорот на Интер со Марига остануваат уште две сезони.
!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved."
| < Пред | Следно > |
|---|



