Клаудио Раниери ќе мора да направи промени во одбраната на Интер откако на повреда се пожалил и Лусио, покрај веќе отсутниот Самуел. Со тоа, тандемот Ранокиа - Кордоба би требало да го започне натпреварот со Болоња кој се игра утре.
Лоши вести за Раниери пристигнаа и во текот на вчерашниот ден и се работи за мала повреда на Цезар. Како што известуваат медиумите од Италија, Раниери се одлучил да не ризикува со Цезар на утрешниот натпревар, а неговата позиција треба да ја завземе Лука Кастелаци.
Добра вест, пак, е враќањето на Маикон по казната од еден натпревар, а во првиот тим пред Киву кој настапи со Новара ќе добие шанса Нагатомо.
| < Пред | Следно > |
|---|



