Петте натпревари без победа на Интер во домашното првенство го насочија Клаудио Раниери кон излезната врата, но иако Италијанецот сеуште не добил отказ од клупата на нераѕурите, веќе се шпекулира за неговите наследници до крајот на сезоната.
Луис Фиго се чини дека е пол позиционерот доколку Раниери добие отказ во текот на наредната недела, по евентуален нов неуспех против Марсеј во Лигата на шампионите или против Наполи во домашното првенство. Заедно со Бепе Барези, Фиго се очекува да го води тимот до крајот на сезоната, по што ќе се одлучува за плановите за наредната сезона.
Португалецот по отказот на Гасперини се понуди да биде тренер на Интер, дури и призна дека имало неофицијални разговори, но Морати и Бранка се одлучиле на Раниери.
Еден од останатите за кои што се шпекулира по вчерашниот пораз од Болоња е и Фабио Капело, кој откако замина од селекторското место на „гордиот албион“, не успеа да се договори со Анжи и остана слободен агент. Сепак, неговите шанси за доаѓање на клупата на Интер се мали од причина што Капело не посакува да биде тренер за „краткорочна употреба“, по најавите на Морати претходно оваа сезона дека на лето се планира голем ремонт во тимот.
Медиумите во Италија шпекулираат дека Роберто Баџо би можел да биде исто така еден од кандидатите за наследник на Раниери. Легендата на италијанскиот фудбал веќе ја има добиено потребната тренерска лиценца, а моментално работи во младинските селекции на Италија.
Баџо претходно беше споменуван како нов помошник тренер во Интер, по се погласните шпекулации дека неговиот добар пријател и поранешен соиграч од Бреша - Пеп Гвардиола, е на добар пат наредната сезона да го превземе Интер.
!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved."
| < Пред | Следно > |
|---|




Pozdrav za site interisti :):):)
J A S S E P A K M I S L A M D E K A P A N D E V E K R I V !