Се поизвесно е дека Пеп Гвардиола ова лето ќе си замине од Барселона, а Интер е тимот кој покажува најголеми симпатии кон трофејниот Шпанец. Како доказ дека и во Барселона очекуваат разделба со Гвардиола е појавувањето на имињата за негови наследници, во прв ред, тренерот на Рома, Луис Енрике.
Неодамна, шпанскиот стратег истакна дека разговорите за новиот договор сеуште не се започнати, иако сегашниот истекува на лето. Шпанецот по долго време конкретно посочи дека неговата иднина во Барселона е неизвесна, нешто за што веќе долго време се зборува во Италија. Заминувањето на Гвардиола од Ноу Камп беше најавено токму од негова страна минатата сезона, кога истакна дека и тој и играчите ќе бидат заситени доколку соработката продолжи и во наредните години.
Симпатиите на Интер кон Шпанецот се јавна тајна во Италија, а италијанските медиуми веќе го назначија како нов тренер на нераѕурите, водејќи ги заедно со неговиот поранешен соиграч и пријател - Роберто Баџо, кој би требал да биде заменик на Бареси.
Гвардиола и минатата недела беше во центарот на вниманието на италијанските медиуми, откако на натпреварот со Баер Леверкузен во Лигата на шампионите се појави со сино-црн шал, за кого подоцна се откри дека бил од негов близок пријател. Морати на таквата ситуација остана „нем“, иако доби директно прашање од италијанските новинари пред неколку дена.
Но во последните неколку дена, освен италијанските медиуми, за преселбата на Гвардиола од Барселона во Милано зборуваат и шпанските. Според медиумите на Пиринеите, Луис Енрике, сегашниот тренер на Рома и поранешен играч на Барселона е наследникот на Гвардиола, доколку Шпанецот замине во Интер летово.
Тоталниот неуспех на Морати со просечни тренери го приморува претседателот на Интер да се сврти кон веќе испробаната стратегија на носење на врвно тренерско име, слично како со Мурињо, со кое би се започнал нов долгорочен проект. Досега, Пеп Гвардиола е најсериозниот кандидат за предводник на новиот Интер, иако во последно време во игра се вклучуваат и Андре Вилаш Боаш, како и Фабио Капело.
| < Пред | Следно > |
|---|



