Брзо инфо
Џонатан во Парма како позајмен играч до јуни »
Станковиќ во аут до средината на март »
Вивиано може да замине како позајмен играч во Палермо »
Калдирола како позајмен играч во Бреша до јуни »
Поранешниот играч на Интер, Мансини, е осуден за силување! »
Кришито: Бев блиску до Интер, но го одбрав Зенит »
armata-logo

Стани официјален фан на Интер!

Конечно и Македонија доби официјален фан клуб на Интер. INTER CLUB ARMATA е македонски фан клуб на фудбалскиот клуб Интернационале, регистриран во Centro Coordinamento Inter Club (CCIC) во Милано под името: Inter Club Armata (Macedonia). Седиштето на клубот е во Скопје, а клубот е отворен за сите фанови на Интер во Македонија, но исто така и за фановите на Интер во регионот. Првата регистрација на официјални фанови од нашиот клуб ќе се направи за сезоната 2011/2012.

Како функционираат фан клубовите на Интер низ светот?

Фудбалкиот клуб Интернационале ги здружува своите фанови од целиот свет преку CCIC (Centro Coordinament Inter Club), од каде што се води координација и евиденција на сите фанови на Интер низ светот. CCIC издава членски книшки, со задолжителни подароци за своите фанови, одобрува влезници за натпреварите на Интер, како и други активности поврзани со делувањето на официјалниот клуб. За сите активности на фан клубовите на Интер можете да се информирате на официјалната веб страница на CCIC: http://interclub.inter.it

Нешто повеќе за македонскиот фан клуб на Интер

Нашиот фан клуб е првиот официјален регистриран клуб на Интер од Македонија. Формиран е по иницијатива на многубројните фанови на Интер во Македонија. Основачкото собрание е одржано на 08. 04. 2011 година во Скопје, а веднаш потоа беше испратена молба за одобрение за формирање на фан клуб на Интер на главниот координатор на CCIC за странство.

По регистрацијата на фан клубот, следи собирање на минимум 50 члена (невклучувајќи ги јуниорите) за да клубот биде активен.

Првата официјална посета на фановите на IC Armata на натпревар на Интер во Милано беше остварена на натпреварот Интер - Наполи на 01.10.2011 година.

Органи на управување:

Претседател: Мартин Спиров ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите )

Потпретседател: Никола Стружанчев ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите )

Управен одбор:

Андреј Миндов ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите )
Армин Укиќ ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите )
Валентино Мојсовски ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите )

Финансиски контролор: Филип Ангелески ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите )

Прведува: Гоце Митев

Сметководител: Милан Митковски

Програма на Интер Клуб Армата:

Делување по статут и правилата на Здружение на фанови ИНТЕР КЛУБ АРМАТА - Скопје
Организирaње на членството и собирање на годишна членарина
Организирање на патување во Милано и следење на натпревари на Интер
Посета на Џузепе Меаца
Посета на тренинг кампот Апиано Џентиле
Изработка на навивачки реквизити, сувенири со логото на нашиот клуб и др.
Организирано дружење на фановите на Интер во Македонија
Популаризирање и ширење на интересот за Ф. К Интер во Македонија
Вложување напори за зголемување на членството

Како да станам официјален фан на Интер?


Бидејќи ова е прва сезона како македонскиот фан клуб на Интер функционира, ќе се врши регистрација на членови започнувајќи од денот на објавата на ова соопштението. Пред почетокот на секоја натпреварувачка сезона се собираат пријавите и уплатите. Членарината за наредната натпреварувачка сезона изнесува 1350 денари, која се уплаќа на нашата жиро с-ка, а подоцна тој износ се префрла во Милано како би се извршила регистрацијата на секој фан посебно. За јуниори (до 14 годишна возраст), износот на членарина е двојно помал.

За зачленување е потребно да ги испратите следните податоци: име и презиме, датум на раѓање, адреса и место на живеење, фиксен или мобилен телефон, e-mail адреса и скениран пасош.

Сите податоци и паричните средства се испраќаат на CCIC (Centro Coordinamento Inter Club) во Милано. При првото патување на натпреварите на Интер, официјалните претставници на фан клубот ги подигнуваат сите материјали и подароци и истите ќе бидат дистрибуирани по враќањето во Македонија.

* Сите оние кои веќе се зачленија во фан клубот во текот на летото, и сите оние кои тоа ќе го направат до 31ви Декември ( што значи ќе ја средат и постапката од погоре во овој период ), симнете го овој документ и потоа рачно пополнете го, истиот ќе го предадете на годишното собрание за чие одржување ќе бидете известени во иднина.

Што добивам со регистрацијата?

Покрај членските книшки со вашето име и презиме, како и ID фан бројот, се добиваат и подароци како навивачки реквизити, постер, знаме, ранец, беџ, како и многу други работи во текот на сезоната кои несомнено вредат повеќе отколку износот на членарината.

Покрај тоа, како официјален фан на Интер, со официјалната картичка секој има право на попуст од 15% во официјалната продавница на Интер на стадионот „Џузепе Меаца“. Исто така, за секој официјален фан е резервиран посебен влез на стадионот „Џузепе Меаца“, како и многу други погодности.

Како да ја платам членарината и како да ја пополнам и испратам пристапницата?

Чекор 1: Плаќањата се извршуваат строго преку нашата жиро с-ка: 210-0669272901-85 (НЛБ Тутунска Банка). „Уплата на членарина“ е задолжителната цел на дознака на уплатницата, додека под назив на примачот наведете „Здружение на фанови ИНТЕР КЛУБ АРМАТА - Скопје“.

*Оние што не се во можност да уплатат поради тоа што не се во Македонија, ќе можат да извршат плаќање на нашата девизна сметка, за подетални информации пишете на нашата e-mail адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

*Како треба да изгледа уплатницата (клик).

Чекор 2: Откако ќе ја извршите уплатата, симнете ја пристапницата на следниот линк: Превземи ја пристапницата (word 2010), превземи ја пристапницата (word 2003).

Потоа, наведете ги информациите кои се потребни во пристапницата, а пополнетата пристапница испратете ни ја на нашата e-mail адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . На денот на делењето на официјалните картички, како и подароците кои што ви следуваат со членството во фан клубот, ќе се потпишете на местото каде што се бара вашиот потпис. Денот на делењето на официјалната фан картичка и подароците ќе биде по започнувањето на новата сезона, односно сезоната 2011/2012. Мала напомена, пополнета и испратена испратница не е валидна доколку претходно не е уплатен потребниот износ за регистрација.

Потписот на пристапницата во овој период не е потребен. Потписите на пристапниците ќе бидат наведени лично од вас, на денот на делењето на официјалните фан картички и подароците кои ќе ги добиеме од Милано.

*За малолетни лица (над 14 годишна возраст), потребна е согласност од двајцата родители. Изјавата за согласност можете да ја превземете во долниот дел од соопшението.

Чекор 3: Скенираната патна исправа (пасош) испратете ја на нашиот e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , заедно со пристапницата.

Важно: До 31 декември оваа година од CCIC примаат уплати за нови членови меѓутоа да напоменам дека ние Ви препорачуваме уплатата најдоцна до 08 ноември да ја извршите бидејќи да имаме време да ги испратиме парите во Милано за картичките и подароците да ви бидат спремни и да не чекаат кога ќе одиме на натпреварот Интер – Удинезе на 03 декември. Вие може да уплатите и подоцна меѓутоа ние не може да ви гарантираме дали ќе бидат готови до 03 декември или пак кога нареден пат ќе одиме за Милано за да ги подигнеме за оние кои ќе уплатат подоцна па можно е подолг период да сте без нив.

Во наредниот период ќе бидете известени и за настаните кои што во иднина ќе ги организираме, а секако и за организираните патувања од Македонија во Милано на натпревар на Интер.

За сите прашања и информации, слободно контактирајте не преку нашиот e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 
ic-karticka

Што добива секој официјален фан на Интер!

Претставени се подароците за сите членови на Интер Клубот на официјалната страна на Centro Coordinamento Inter Club(CCIC). Во Македонија како што веќе знаете е во тек формирање на Интер Клуб, а сите фанови на Интер можат да станат членови до 15ти јули.

 
armata-logo

IC Macedonia: Продолжен рокот за зачленување

На барање на фановите, се решивме да го продолжиме рокот за зачленување во првиот официјален фан клуб на Интер од Македонија.

 
inter-club-re-m

Нова можност да станете официјален фан на Интер!

Една добра вест за сите фанови на Интер во Македонија кои не успеаја да се зачленат при првиот рок пристигна од Милано. Добиена е дополнителна можност сите фанови кои го пропуштија првиот рок, дополнително да се зачленат во првиот фан клуб на Интер во Македонија, а крајниот рок е 31-ви декември, 2011.

   
Нашата Facebook страница
Следи не на Twitter