Брзо инфо
Руи Патрицио би можел да биде следната мета на Интер »
И покрај понудите, Форлан сака да остане во Интер »
Договорoт на Киву најверојатно ќе се обнови деновиве »
Страмачиони е нов тренер на Интер »
Еспањол сака да го купи Кутињо »
Џонатан во Парма како позајмен играч до јуни »
Калдирола како позајмен играч во Бреша до јуни »
Поранешниот играч на Интер, Мансини, е осуден за силување! »

Стани официјален фан на Интер!

Е-пошта Печати PDF

armata-logoКонечно и Македонија доби официјален фан клуб на Интер. INTER CLUB ARMATA е македонски фан клуб на фудбалскиот клуб Интернационале, регистриран во Centro Coordinamento Inter Club (CCIC) во Милано под името: Inter Club Armata (Macedonia). Седиштето на клубот е во Скопје, а клубот е отворен за сите фанови на Интер во Македонија, но исто така и за фановите на Интер во регионот. Првата регистрација на официјални фанови од нашиот клуб ќе се направи за сезоната 2011/2012.

Како функционираат фан клубовите на Интер низ светот?

Фудбалкиот клуб Интернационале ги здружува своите фанови од целиот свет преку CCIC (Centro Coordinament Inter Club), од каде што се води координација и евиденција на сите фанови на Интер низ светот. CCIC издава членски книшки, со задолжителни подароци за своите фанови, одобрува влезници за натпреварите на Интер, како и други активности поврзани со делувањето на официјалниот клуб. За сите активности на фан клубовите на Интер можете да се информирате на официјалната веб страница на CCIC: http://interclub.inter.it

Нешто повеќе за македонскиот фан клуб на Интер

Нашиот фан клуб е првиот официјален регистриран клуб на Интер од Македонија. Формиран е по иницијатива на многубројните фанови на Интер во Македонија. Основачкото собрание е одржано на 08. 04. 2011 година во Скопје, а веднаш потоа беше испратена молба за одобрение за формирање на фан клуб на Интер на главниот координатор на CCIC за странство.

Првата официјална посета на фановите на IC Armata на натпревар на Интер во Милано беше остварена на натпреварот Интер - Наполи на 01.10.2011 година.

Во нашата прва година, успеавме да обединиме нешто помалку од 100 члена, а нашите апетити растат од година во година. Можеме да се пофалиме со неколку организирани гледања на натпреварите на Интер, фудбалски турнир, делење на навивачки реквизити како и уште многу други нешта што не прават секој ден поблиску до целта - а тоа е ширење на црно-сината манија во Македонија.

Органи на управување:

Претседател: Мартин Спиров ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите )

Потпретседател: Никола Стружанчев ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите )

Управен одбор:

Андреј Миндов ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите )
Армин Укиќ ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите )
Валентино Мојсовски ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите )

Финансиски контролор: Филип Ангелески ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите )

Прведува: Гоце Митев

Генерален секретар: Марко Керем ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите )

Сметководител: Милан Митковски ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите )

Програма на Интер Клуб Армата:

Делување по статут и правилата на Здружение на фанови ИНТЕР КЛУБ АРМАТА - Скопје
Организирaње на членството и собирање на годишна членарина
Организирање на патување во Милано и следење на натпревари на Интер
Посета на Џузепе Меаца
Посета на тренинг кампот Апиано Џентиле
Изработка на навивачки реквизити, сувенири со логото на нашиот клуб и др.
Организирано дружење на фановите на Интер во Македонија
Популаризирање и ширење на интересот за Ф. К Интер во Македонија

Вложување напори за зголемување на членството

Што добивам со регистрацијата?

Покрај членските книшки со вашето име и презиме, како и ID фан бројот, се добиваат и подароци испратени директно од Милано. Колку за потсетување, минатата сезона секој официјален фан на Интер доби ID картичка, ранец, знаме, постер и беџ. За оваа сезона, подароците сеуште не се познати, но несомнено е дека сите тие вредат многу повеќе отколку износот потребен за зачленување во фан клубот.

Покрај тоа, како официјален фан на Интер, со официјалната картичка секој има право на попуст од 15% во официјалната продавница на Интер на стадионот „Џузепе Меаца“. Исто така, за секој официјален фан е резервиран посебен влез на стадионот „Џузепе Меаца“, како и многу други погодности.

Како да станам официјален фан на Интер во Македонија?

Македонскиот фан клуб на Интер, Интер Клуб Армата Македонија ќе врши регистрација на нови членови започнувајќи од денот на објавата на ова соопштението, односно во периодот од 10 мај до 30 јуни 2012 година. Пред почетокот на секоја натпреварувачка сезона се собираат пријавите и уплатите. Членарината за оваа натпреварувачка сезона изнесува 1450 денари, која се уплаќа на нашата жиро с-ка, а подоцна тој износ се префрла во Милано како би се извршила регистрацијата на секој фан посебно. За јуниори (до 14 годишна возраст), износот на членарина е 950 денари.

Сите податоци и паричните средства се испраќаат на CCIC (Centro Coordinamento Inter Club) во Милано. При првото патување на натпреварите на Интер, официјалните претставници на фан клубот ги подигнуваат сите материјали и подароци и истите ќе бидат дистрибуирани по враќањето во Македонија.

За сите оние кои веќе се зачленија во фан клубот (постоечките членови) единствена обврска е уплата на членарина за сезона 2012/2013, меѓутоа доколку во меѓувреме имате извршено замена или извадено нов пасош повторно е потребно да го скенирате и да го испратите на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Чекор 1: За зачленување на нови членови потребно е да ги испратите следните податоци: име и презиме, датум на раѓање, адреса и место на живеење, фиксен или мобилен телефон, e-mail адреса (овие податоци се внесуваат во пристапницата, превземи ја пристапницата (word 2010), (word 2003)) и скениран пасош. Пополнетата пристапница и скенираниот пасош потребно е да ни ги испратите на нашата e-mail адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Додека пак при подигањето на подароците и картичките треба да донесете слика (3,5 х 4,5 см) и следниов документ (modulo) кој треба рачно да биде пополнет (како и за малолетните членови над 14 годишна возраст изјава за согласност).

Чекор 2: Плаќањата се извршуваат строго преку нашата жиро с-ка: 210-0669272901-85 (НЛБ Тутунска Банка). „Уплата на членарина“ е задолжителната цел на дознака на уплатницата, додека под назив на примачот наведете „Здружение на фанови ИНТЕР КЛУБ АРМАТА - Скопје“. Еве и како треба да изгледа уплатницата (клик).

*Оние што не се во можност да уплатат поради тоа што не се во Македонија, ќе можат да извршат плаќање на нашата девизна сметка, за подетални информации пишете на нашиот сметководител e-mail адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

* На денот на делењето на официјалните картички, како и подароците кои што ви следуваат со членството во фан клубот, ќе се потпишете на местото каде што се бара вашиот потпис. Денот на делењето на официјалната фан картичка и подароците ќе биде по започнувањето на новата сезона, односно сезоната 2012/2013. Мала напомена, пополнета и испратена испратница не е валидна доколку претходно не е уплатен потребниот износ за регистрација.

Потписот на пристапницата во овој период не е потребен. Потписите на пристапниците ќе бидат наведени лично од вас, на денот на делењето на официјалните фан картички и подароците кои ќе ги добиеме од Милано.

*За малолетни лица (над 14 годишна возраст), потребна е изјава за согласност од двајцата родители која треба да биде заверена на нотар.

Во наредниот период ќе бидете известени и за настаните кои што во иднина ќе ги организираме, а секако и за организираните патувања од Македонија во Милано на натпревар на Интер.

За сите прашања и информации, слободно контактирајте не преку нашиот e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Коментари (2)
  • burhan  - sacxzcxc
    forzza inter
  • interista  - gggggggggggg
    Znaci so ovaa samo e rezerviranoo mestoto ili e platena i vleznicata na natprevarite ???????
Напиши коментар
Your Contact Details:
Коментари:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img]   
Security
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved."

 

Важно!!!

На еден наш многу добар пријател му е потребна помош. Димитар Димоски има 20 години и од 2005 година боледува од Кронова болест со фистулозни форми заради што повеќе пати е хируршки третиран. Досега е лекуван со 5-ACA препарати, кортикостероиди, а од 2010 година е на континуирана имуносупресивна терапија со азатиоприн (имуран), но без соодветен одговор. Согласно светските искуства и протоколи за третман на оваа тешка болест и нејзините компликации, неопходно е започнување со терапија со Infliximab (Remicade) која чини околу еден милион денари.

Покажете ја вашата хуманост и завртете на следните броеви:

- 070 143 115 (За корисниците на Т Мобиле)

- 077 143 705 (За корисниците на VIP)

Жиро сметка: 530 5000 151 92 970 - Охридска банка

Ви благодариме однапред на сите!


Нашата Facebook страница
Следи не на Twitter