Една добра вест за сите фанови на Интер во Македонија кои не успеаја да се зачленат при првиот рок пристигна од Милано. Добиена е дополнителна можност сите фанови кои го пропуштија првиот рок, дополнително да се зачленат во првиот фан клуб на Интер во Македонија, а крајниот рок е 31-ви декември, 2011.
По посетата на претставници на „Интер Клуб Армата“ во Милано и средбата со официјалните лица на Интер на Џузепе Меаца, соопштено ни е дека Интер како клуб дава дополнителна можност за зачленување, а крајниот рок за уплата на паричните средства за членарина и испраќање на потребните информации е 31-ви декември, 2011.
Во превод, сите оние кои го пропуштија првичниот рок за зачленување имаат нова можност да го сторат истото и да станат официјални фанови на Интер. Подароците кои што се добиваат со членството во фан клубот остануваат исти. Покрај подароците, секој член добива и официјална фан картичка, која нуди многу поволности при посета на официјалните продавници на Интер (15% попуст), но исто така и полесно обезбедување на билети за натпреварите на Интер. Не треба да се заборави дека за сите официјални фанови на Интер обезбеден е посебен влез на стадионот Џузепе Меаца.
Поголеми поволности имаат припадничките на понежниот пол, кои покрај сите погодности кои што ги добива секој фан на Интер, добиваат и пониски цени на билетите за натпреварите на Интер.
* Важно е да се напомене дека иако рокот за пријавување е најдоцна до 31-ви декември оваа година, Претседателот на македонскиот фан клуб заедно со управниот одбор Ви сугерира уплатите и испраќањето на информациите да ги направите најдоцна до 8-ми ноември, како би се создало доволно време за подигањето на материјалите и подароците да биде извршено при првото организирано планирано патување во декември. Воедно, сакаме да напоменеме дека новите членови не би имале можност да патуваат на првото организирано патување и посета на натпревар на Интер во декември, бидејќи токму тогаш ќе бидат подигнати нивните материјали, подароци и официјалната фан картичка. Се извинуваме поради ваквата ситуација, која не е предизвикана од нас како фан клуб, туку од процедурите при зачленувањето и подигањето на материјалите, подароците и официјалната фан картичка, наложени од Интер како клуб.
Сите потребни информации за тоа како можете да станете официјален фан на Интер можете да ги добиете на следниот линк: www.fcinter.com.mk/armata.
Доколку имате дополнителни прашања и нејаснотии, истите можете да ги поставите на официјалниот е-маил на фан клубот: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .


