Нова сезона, нови предизвици, после бурното лето во кое се случи неочекувана нова промена на тренерот и Леонардо беше сменет со Гасперини, Интер повторно ќе атакува на нови трофеи.
За разлика од ланскиот трансфер пазар, оваа година во Интер се случија големи промени во тимот. Продаден беше Самуел Ето, на позајмица пратен Горан Пандев.
На крајот од предходната сезона, и на почетокот од трансфер пазарот владееше пезимизам кај навивачите на Интер. Пото дојде купувањето на Рикардо Алварез од Велез, како и купувањето на Џонатан. Фановите малку се смирија, но дојде големиот удар, продажбата на Ето во Руски Анжи. Моралот на фановите беше сведен на минимум. Истите тие веруваа и во продажбата на Снајдер, и покрај сите изјави дека Снајдер е среќен во Интер и тука ќе остане.
Тогаш, на сцена стапија Господинот Морати и Марко Бранка, техничкиот директор на Интер, кој е задолжен за трансферите во клубот. Желба на Бранка му беше Карлос Тевез. Но, Манчестер Сити, иако претрупани во нападот, не сакаа да се ослободат од неговите услуги и решија да постават цена од 50 милиони евра. Цена која е преголема за тим како Интер, тим кој штеди и се спрема за ФФП. Обидот за позајмување на Тевез пропадна. Името, кое се спомна после Тевез беше Диего Форлан. Човекот кој пред неколку дена го стави својот потпис на двегодишниот договор со Интер. Бранка и Интер бара уште еден човек за нападот, Лавеци, за кого се обидоа да го жртуваат Горан Пандев. Но Наполи се најде во многу тешка група од Лигата на Шампионите, и не сакаше да го изгуби својот главен играч, па на Интер му одговори, “ако го сакате Лавеци, платете ја неговата откупна клаузула“. Клаузулата изнесува 31 милион евра, што е премногу. Премногу да сите пари од продажбата на Ето се потрошат за еден играч. Одтука, Интер се сврте кон Зарате. Поради добро познатиот менталитет на Зарате и ризикот кој доаѓа со него, Интер не се осуди да го откупи целиот негов договор. Лотито, претседателот на Лацио, бараше 22 милиони евра, и одби секаков друг договор. Во игра беше и играчот на Џенова, Родриго Паласио, за кого Интер понуди 8 милиони евра, додека Прециози бараше 13. Одтука, по се изгледаше, дека последен играч кој Интер ќе го купи е Диего Форлан.
Но тука сите згрешиа. Од никаде, се појави информација дека Интер го купил, поточно позајмил, Андреа Поли, најдобриот млад играч за 2009/2010 сезона во Серија А.
Но и тоа не беше доволно. Последниот ден од трансфер пазарот, кога сите веруваа дека Интер нема да купи уште еден напаѓач, или ако донесе, тоа ќе биде крилото од Џенова, Родриго Паласио, Бранка успеа да направи неочекуван подвиг. Носењето на Мауро Зарате. Бранка успеа да направи да Зарате дојде на позајмица, и плати само 2,7 милиони евра за тоа. Со тоа, ризикот дека Зарате ќе потфрли е сведен на минимум. Уште повеќе, е и договорот кој го доби од Интер, а ќе биде претставен подоцна во овој артикл.
Освен овие трансфери, Интер успеа да ги продаде и играчите кои на Гасперини не му се потребни. А кои и всушност не беа во прв план и на предходните тренери на Интер. Со тоа Интер заштеди големи пари, а отвори место за нови играчи во тимот.
Следуваат сите трансфери, како и сумите платени за истите. Исто така, и кратка биографија за секој играч кој Интер го доведе во своите редови.
1. Емилиано Вивиано. Интер не го сакаше Вивиано, и го донесе буквално по грешка. Победи во слепата аукција, и за 50% од него плати 4,1 милион евра. Роден е на 07/12/1985 (25) и има одиграно вкупно 168 натпревари во сите конкуренции.
2. Јуто Нагатомо. Јапонецот кој беше до Јуни на позајмица, остана во Интер. Не се знае точно колку плати Интер за него, но се знае дека во спротивна насока (во Чезена) ги испрати Калдирола и Гаритано, од кои Интер има 50% зачувано. Калдирола остана во Интер.
3. Рикардо Алварез. Играчот за врска на Велез Сарсфилд, кој е роден на 12/04/1988 (23). Неговиот трансфер во Арсенал беше пред крај, кога Интер стапи на сцена и буквално успеа да му го украде на Арсенал. За него плати 11,7 милиони евра, и верувале или не, најскапо платен играч на Интер овој трансфер период, со само 11,7 милиони. Алварез за Велез има одиграно вкупно 51 натпревар, (главно поради повредите кои го мачеа на возраст од 19-21 година). Има постигнато 5 голови, и направено 7 асистенции. Може да игра на секоја позиција од средината, иако омилена му е позади напаѓачите. Може да игра и на крилните позиции. Алварез ќе зема плата од 1,5 милиони евра по година.
4. Џонатан Мореира. Десниот бек на Сантос, и човек кој важeше како еден од најдобрите на таа позиција во бразилското фудбалско првенство. Роден на 27/02/1986(25). Трансферов го чинеше Интер 5 милиони евра. Џонатан за Сантос има одиграно 140 натпревари, постигнато 8 голови и 21 асистенција. Што е повеќе или помалку, импресивно за играч од одбраната.
5. Диего Форлан. Роден на 19/05/1979 (32). Еден од најдобрите напаѓачи последната декада. Два пати ја има освоено златната копачка, едно од најпрестижните индивидуални достигнувања за еден играч. Единствениот “проблем“ кој навивачите го гледаа со трансферот е неговата возраст. Но, како што велат сите, тој е можеби физички најдобро спремениот фудбалер на денешницата. Алваро Рекоба, екс играчот на Интер, за него изјави дека може да му даде на Интер најмалку 3 добри сезона, и го спореди со Хавиер Занети, и неговото лидерство на теренот. Диего Форлан ќе заработува 3,5 милиони евра по година, во текот на наредните 2. Има опција да му се продолжи договорот на уште една година. Во кариерата Форлан има постигнато 187 голови на 470 натпревари. Ова е зачинето со уште 47 асистенции. Може да игра на сите позиции во нападот, како и креатор на играта, позади напаѓачите. Се очекува да му помогне на Снајдер во креирањето на играта.
6. Андреа Поли. Роден на 29/09/1989 (21). Важи за еден од најдобрите млади креативци во светот. Интер уште одамна беше заинтересиран за него, како и другиот гигант од Милано, Милан. Но Сампдорија за него бараше 15 милиони евра, цена која нагло падна кога Сампдорија се пресели во Серија Б. Сега Поли во Интер пристигна како позајмен играч. Интер за позајмицата плати 1 милион евра, и има право да го откупи договорот за додатни 6 милиони евра. Поли во својата кратка кариера, има импресивни 112 натпревари, постигнато 6 гола, и 10 асистенции.
7. Мауро Зарате. Младиот Аргентинец, кој важи за еден од најталентираните напаѓачи во светот. Роден е на 18/03/1987 (24). Познат е по жестокиот темперамент и феноменалниот дриблинг. Поради истиот тој темперамент, Интер не сакаше за него да одвои 22 милиони евра. Затоа успеа да се договори да го донесе на позајмица, за која плати 2,7 милиони евра. Секако, тука е и правото да се откупи неговиот договор за дополнителни 15 милиони евра. Сите веруваат дека во тандем со Пацини и Форлан, како и многуте Аргентинци во тимот на Интер, Зарате ќе биде од огромна полза за Интер. Важи за најдобар техничар во Италија, да се надеваме дека ќе го победи и својот менталитет, па Интер ќе има напаѓач од светска класа во наредните 7-8 години. Мауро во својата кариера има одиграно 174 натпревари, постигнато 62 гола и 26 асистенции. Ќе зима плата од 2 милиони евра по година, со интересен бонус од Морати, пари за секоја асистенција. Со ова претседателот на Интер се надева дека ќе го мотивира Зарате да стане повеќе тимски играч.
8. Лук Кастињос. Лук Кастињос е нова надеж на европскиот фудбал со само 18 години во Холандското првенство успеа да постигне 15 погодоци .Токму овој импресивен учинок, и квалитетите кои ги поседува поради кои е наречен новиот Тиери Анри, Интер го откупи неговиот договор уште во март оваа година. Во текот на подготовките Лук покажа дел од своите квалитети и остави впечаток на играч кој сеуште се развива и може да се каже дека ќе има светла иднина. Неговиот трансфер чини приближно 4 милиони евра што е малку за она што се очекува од него.
Освен овие играчи, Интер уште ја обнови ко-сопственоста на Оби со Парма, како и отккупи 50% од договорот со Јурај Кучка од Џенова, за кого плати 3 милиони евра + 50% од Вивиано. Исто така, Интер во своите редови донесе неколку млади и талентирани играчи, од кои се одвојуваат новиот Роберто Баџо, Лоренцо Таси, како и новиот Кристиано Роналдо, Родриго Алборно.
Играчите кои го напуштија Интер се следните:
1. Виктор Обина - Локомотив Москва, му истече договорот.
2. Марко Андреоли - Киево. Киево ги откупи 50% кои Интер ги имаше во свој посед.
3. Матиа Дестро - Џенова. Џенова веднаш 50% проценти од Интер ги даде на Сиена.
4. Самуел Ето - Анжи. Цената е непозната, но се шпекулира дека е 27 милиони евра.
5. Давиде Сантон - Њукасл. Трансферот бепе реализиран за скоро 7 милиони евра (6 милиони фунти).
6. Нелсон Ривас - Слободен агент, договорот му беше прекинат.
На позајмица се испратени: Велеч (Кротоне), Керлон (Национал), Марига (Реал Сосиедат - 1,5 милиони евра, и можност да се откупи договорот за 5 милиони), Алибек (Мекелен), Пандев (Наполи).
Сега Интер, со овој состав ќе атакува на новата титула во Калчото, 19та по ред. FORZA INTER!



