Капитенот Хавиер Занети е неприкосновен во тимот на Интер. Доволно за него зборува неговиот прекар "Il Tratore" (Тракторот), Кој го добил поради неговата издржливост, сила, и неговата способност да претрча низ противничките дефанзивци кога се придодава во нападот. Занети освои 5 титули во Сериа А со Интер а го освои и купот на УЕФА, но најверојатно најдрага ќе му остане сезоната 2009-2010 кога успеа да го освои треблето и ги крена најголемите трофеи во фудбалот. Кај навивачите стана познат и како "Il Capitano" (Капитенот). Во Интер е од 1995-та година и има одиграно над 700 натпревари. Покрај фудбалот, познат е и по својата хуманитарна работа во неговата фондација "Pupi".
Екстремно ефикасен и коректен бек, Иван Рамиро Кордоба многу чисто ги изведува стартовите и е многу сигурен кога има потреба да се врати назад брзо. Психички тој е многу силен и е одличен скокач и покрај неговата висина. Способноста на Кордоба да скокне над другите играчи е благодарение на експлозивната сила во неговите нозе. Кордоба одбил понуди за трансфер во Реал Мадрид што му овозможило да дојде во Милано и да ги носи црно-сините бои на Интер.
Валтер Самуел е широко прифатен како еден од најдобрите централни играчи. Тој е главна алка во синџирот на одбраната на Аргентинската репрезентација, и ја стекна својата слава во Сериа А со околу 15,000 минути конкурентен фудбал во 173 меча за Рома помеѓу 2000-та и 2004-та година. Самуел одигра главна улога во неговото деби на Олимпико, помагајќи и на Рома да го освои Скудетото со неговите одлични перформанси на бековската позиција. Неговиот прекар е The Wall (Ѕидот), од разбирливи причини . Самуел се приклучува на Интер по една сезона помината во Реал Мадрид.
Даглас Маикон се приклучува на Интер по 4 години поминати во Крузеиро во неговата држава Бразил, и 2 години со Монако во Франција. Со Крузеиро тој освои 2 национални купа и лигашка титула, а освои и 2 титули во Франција со Монако. Тој е дел од Бразилската репрезентација на чело со Дунга и е еден од најветувачките десни бекови во светот. Тој ги комбинира неговата експлозивна градба и усовршена техника со што многу лесно се движи од бековската позиција до противничката половина и претставува константна опасност за противниците.
Кристијан Киву е искусен и сестран дефанзивен играч чија способност за изведување удари од прекин и додаваат друга димензија на неговата игра. Киву се приклучува на екипата на Интер од Рома за време на летниот преоден рок во 2007 година и потпишува 5 годишен договор. Моментално тој е капитен на Романската репрезентација, а станува дел од неа на Еуро 2000 со само 19 години. Киву ја почна својата професионална фудбалска кариера во романскиот клуб ЦСМ Ресита . Потоа играл за Универзитатеа Крајова пред да го комплетира трансферот во Ајакс за кој има одиграно преку 100 натпревари. По 4 сезони поминати во Холандија Киву потпишува за Рома во 2003 година. Моментално е стандарден во дефанзивната линија на Интер во која конкуренцијата е ужасно силна.
Бразилскиот капитен Лусио се приклучува во шампионскиот тим на Интер во сезоната 2009 – 2010 после 8 поминати години во германската Бундес лига. Најавен како големо засилување, Бразилецот со него носи огромно искуство и трофеи од 2 купови на конфедерации 1 светски куп и 3 германски трофеи од Бундес Лигата. Покрај големиот број трофеи Лусио го поседува и рекордот во ФИФА за одбранбен играч кој без да направи фаул врз своите противници успева да ја одземе топката, рекордот изнесува неверојатни 386 минути.
Андреа Ранокиа е еден од најталентираните млади италијански фудбалери. Роден е на 16 февруари 1988 година, кариерата ја започнал во Перуџа а потоа и во Арецо. Во август 2008 година, Џенова ја откупи едната половина од неговиот договор и го испрати на позајмица во Бари каде што го освои првото место во Серија Б. Џенвоа по одличната сезона во Бари, го откупи целиот договор на Ранокиа. Дебито за Ранокиа во Серија А беше во дресот на Бари во сезоната 2009-10, каде што беа одлично дуо со Леонардо Бонучи. Во јули 2010 се врати во Џенова, кога Интер го откупи половина договор на Ранокиа како дел од договорот на Дестро кој замина како позајмен фудбалер во Џенова. Поради сериозната повреда на Валтер Самуел, Морати беше приморан да го донесе Ранокиа во Интер порано од планираното, па затоа на 27 декември Раноки беше целосно откупен од страна на Интер. Ранокиа го имаше своето деби за Интер против Катанија, натпревар кој што Интер го доби со резултат од 2-1.
Јуто Нагатомо е првиот Јапонец кој што настапувал во Интер, дојде како позајмен играч од екипата на Чезена додека во спротивен правец исто така на позајмица Интер го испрати Давиде Сантон. Нагатомо беше стартер во Чезена во првиот дел од сезоната, исто така одличниот настап за Јапонија на Азискиот Куп беше доволен да го привлече интересот на Интер. Трансферот на Нагатомо во Интер привлече огромен интерес од медиумите во Јапонија, но и на целата нација поради што и веб сајтот inter.it имаше рекордни посети. Нагатомо го имаше своето деби против Рома откако влезе како замена на местото на Снајдер.Во текот на трансфер периодот во 2011, Интер се одлучи целосно да го откупи договорот на Нагатомо со што тој стана целосно играч на Интер.
Лука Калдирола е уште едно име произведено во академијата на Интер. Калдирола има 20 години, а со својата напорна работа веќе успеа да се протне до првиот тим на Интер. Во текот на летните подготовки во 2011, успеа да прикаже добри настапи во пријателските натпревари и покажа дека позајмицата во Витесе му донела големо искуство. Несомнено Лука ќе биде дел од иднината на Интер за што и сведочат големиот број на настапи за Италијанската репрезентација во сите младински рангови.
Марко Давиде Фараони. Момчето кое едноставно импресионираше со својата игра во подготовките. Покрај Џоел Оби, Фараони е директно вбројуван за борба за првата постава во текот на следната сезона. Кариерата ја започна во Лацио, но Интер веднаш ги препозна неговите квалитети и го донесе во своите младински редови. Исто како и Калдирола, Фараони има настапувано во сите младински категории на Италијанската репрезентација.
Џонатан Цицеро Мореира. Новиот Маикон, како што го нарекуваат многумина доаѓа во Интер од Сантос. Има богата историја зад себе со многу освоени трофеи иако има само 25 години, а за неговите способнисте зборуваат и трите награди за најдобар десен бек во Бразил. Поседува големи способности и со неговата брзина лесно покрива и во одбраната и во нападот.



