
Диего Милито својата кариера ја започнува во аргентинскиот клуб Расинг. После пет сезони поминати во Расинг во 2004 година се преселува во Џенова каде во 59 настапи постигнува 33 гола.
После скандалот со местење натпревари (калчополи), Милито се преселува во Реал Сарагоса каде е еден од главните играчи во екипата а после заминувањето на неговиот брат Габи Милито во Барселона тој станува и капитен на екипата. Во 2008 после излезот на Реал Сарагоса од првата шпанска лига, Милито се враќа во Џенова и повторно се истакнува како голем играч и ги примамува големите клубови да дојдат до неговиот потпис. Најбрз до неговиот потпис беше Интер и веднаш после стартот на трансфер периодот го донесе во своите редови. Стартот во Интер Милито го почна со два голови против градскиот ривал Милан и со постигнување на победничкиот гол против Монако во купот Пирели.Од своето пристигање во Интер Милито има постигнато 27 погодоци во вкупно 57 натпревари. Како играч на Интер ги има освоено следните трофеи: Серија А(2009-2010), Копа Италиа(2009-2010,2010-2011), Италијанскиот Суперкуп(2010), УЕФА Лигата на Шампиони (2009-2010) и Светското клупско натпреварување(2010).Милито може да се пофали и со голем број на индивидуални награди а како најзначајна е наградата за најдобар играч на Европа(2010).

Џампаоло Пацини на повеќето фанови на Интер им е познат по двата погодоци против Рома на крајот од сезоната 2009-10 поради што Интер се врати на првата позиција и успеа да го освои Скудетото и тројната круна истата таа сезона. Пацини ја започнал својата кариера во Аталанта каде што и го имал своето деби во 2003 година. Следен клуб на Пацини беше Фиорентина, но поради големата конкуренција за првиот тим, Чезаре Прандели се реши да го продаде Пацини во јануари 2009 во Сампдорија. Во тимот на Сампдорија заедно со Антонио Касано беа едни од најефикасните напаѓачките дуа. Пацини постигна 19 гола во втората сезона во Сампдорија со што беше трет стрелец во Серија А, во сезоната 2009-10. Пацини се приклучи на тимот на Интер во Јануари 2011 година и на своето деби во дресот на Интер успеа да постигне два гола и да биде еден од најзаслужните за пресвртот против Палермо.
Диего Форлан. Самото име зборува за себе. Не постои љубител на фудбалската игра кој нема слушнато за Диего Форлан, Освојувач на голем број на индивидуални и клупски награди и трофеи, најдобриот стрелец на последното светско првенство. Доаѓа во Интер како слободен играч и воопшто не му пречи што од него се очекува да го замени Самуел Ето, ниту на себе ги става како товар своите 32 години. Напротив Диего во своите изјави им даде уверување на фановите на Интер дека е спремен за нови погодоци кои овојпат ќе му донесат трофеи на Интер.
Мауро Матиас Зарате. Аргентинецот доаѓа од Лацио на позајмица од една година со опција да се откупи на крајот од истата. Зарате е играч со огромен талент и осет за голот, секогаш се јавуваше како предводник на нападот на Лацијалите а неодамнешната расправа со Еду Реха го натера на трансфер. Интер беше побрз од Арсенал и успеа да го доведе во своите редови. Многумина велат дека себичноста е дел од неговата игра, но претседателот Морати се осигура Зарате да стане поголем асистент отколку голгетер со што му даде дополнителен бонус за секоја асистенција.
Лук Кастињос. Новиот Тиери Анри. Можеби звучи претерано но овој прекар го доби од светските медиуми после успешната прва сезона во Холандското првенство. За неговиот потпис се бореа многу клубови од највисокиот ранг но Интер интервенираше пред сите нив и го обезбеди неговиот потпис во март оваа година. Со само 18 години успеа да стигне до првиот тим на Интер и да се бори за стартна позиција со имиња како Диего Милито, Диего Форлан, Џампаоло Пацини и Матиас Зарате, ова доволно зборува за него како играч, а и ветува за Интер кој се стреми на младински квалитет во своите редови од кои ќе ја обезбеди иднината.



