Масимо Морати е син на славниот претседател на „Гранде Интер“, Анџело Морати. Долго време имаше желба да го врати Интер на старите победнички патеки, онаков каков што беше под раководство на татко му.
Освои еден УЕФА куп, 4 Скудета, 2 Купа на Италија и 2 супер-купа на Италија. Интер има најдолга победничка серија во однос на другите врвни европски лиги.
Морати има потрошено над 300 милиони долари на трансфер - пазарот и во овој поглед пред него се наоѓа само Роман Абрамович. Под негово раководство се сменети 9 тренери. Во 1999 го сруши тогашниот рекорд на трансфер пазарот, плаќајќи 48 милиони евра за Кристијан Бобо Виери. Во Интер доведе многу супер - ѕвезди меѓу кои и Роналдо, Маикон, Адриано, Креспо, Ибрахимович. Фиго, Верон, Виера, Ето...
Негова амбиција е Интер да го освои петтото последователно Скудето и се разбира долго очекуваниот трофеј во Лигата на Шампионите.



