Турските новинари се обидоа да ги предвидат 22 играчи кои ќе настапат вечерва во Трабзон, сепак според нив, со кои играчи ќе настапи Раниери е се уште тешко да се каже со сигурност.
„Може да настапи со искусен состав кој е потребен во ваков натпревар, или пак да им се даде шанса на младите играчи кои ја донесоа победата против Каљари“ - изјави Роберто Скарпини кој се наоѓа во Турција.
Почетните состави на двата тима според турските медиуми се:
Трабзонспор: Толга, Челустка, Гирај, Гловачки, Чех, Зокора, Колман, Серкан Аланжињо, Халил, Бурак.
Интер: Цезар, Занети, Самуел, Ранокиа, Киву, Камбиасо, Мота, Станковиќ, Кутињо, Зарате, Милито.
Изненадување е тоа што во почетниот тим на Интер се наоѓа Ранокиа кој во текот на вчерашниот ден се пожали на повреда.
| < Пред | Следно > |
|---|



