Брзо инфо
Руи Патрицио би можел да биде следната мета на Интер »
И покрај понудите, Форлан сака да остане во Интер »
Договорoт на Киву најверојатно ќе се обнови деновиве »
Страмачиони е нов тренер на Интер »
Еспањол сака да го купи Кутињо »
Џонатан во Парма како позајмен играч до јуни »
Калдирола како позајмен играч во Бреша до јуни »
Поранешниот играч на Интер, Мансини, е осуден за силување! »

Ќе го пребродиме тешкиот период

Е-пошта Печати PDF

ranieri-cl-pressИнтер уште во Турција го обезбеди првото место во групата, а утрешниот натпревар против ЦСКА ќе биде добра можност за докажување на младите играчи, но и за започнување на победничка серија која ќе ги врати нераѕурите во „живот“. Истото, го очекува и Раниери кој најави дека тешкиот период е зад Интер.

„Потребни ни се одговори на мене, на клубот и на фановите,“ - беа првите зборови на тренерот на Интер. „Ја оплескавме во саботата. Убеден бев дека ќе одиграме добро и дека ќе победиме, но тоа не беше случајот. Како и да е, работиме напорно, дури уште понапорно од претходно и знам дека набрзо овој период ќе биде зад нас.“

„Дали се слушнав со Морати? Не, но знам дека ова е тешка година за Интер и дека не е лесно од стартот на сезоната, но ние ќе го пребродиме ова.“

Натпреварот со ЦСКА беше она за што продолжи да зборува Раниери во продолжение.

„Можеби утрешниот натпревар се чини како не важен, но за мене и тоа како е важен. Кога пристигнав тука имавме нула поени и се боревме за продолжување понатаму, а откако победивме неколку натпревари во серија, стигнавме до првото место додека останатите се борат за второто место и место во Лига Европа,“ - продолжи Раниери. „Победа утре ќе донесе многу пари во касата на клубот, но исто така ќе го одржиме високиот рејтинг во УЕФА.“

„Зборував со момците денес и истото им го кажав и нив. Имаме голема причина за да излеземе мотивирани на ваков натпревар. Натпреварот со Удинезе треба да биде заборавен, без разлика дали заслужено или незаслужено изгубивме. Она што не сакам да го видам е нереагирањето на играчите по таков пораз.“

„Трансфер пазарот? Никогаш не зборувам на таа тема бидејќи може да биде контрапродуктивно. Доколку ме прашате за некој играч, знаете дека ќе ви одговорам дека тој е добар играч. Јас сум фокусиран само на утрешниот натпревар.“ - заврши Италијанецот.

Коментари (0)
Напиши коментар
Your Contact Details:
Коментари:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img]   
Security
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved."

 

Добредојдовте!

te_sakam_001

Важно!!!

На еден наш многу добар пријател му е потребна помош. Димитар Димоски има 20 години и од 2005 година боледува од Кронова болест со фистулозни форми заради што повеќе пати е хируршки третиран. Досега е лекуван со 5-ACA препарати, кортикостероиди, а од 2010 година е на континуирана имуносупресивна терапија со азатиоприн (имуран), но без соодветен одговор. Согласно светските искуства и протоколи за третман на оваа тешка болест и нејзините компликации, неопходно е започнување со терапија со Infliximab (Remicade) која чини околу еден милион денари.

Покажете ја вашата хуманост и завртете на следните броеви:

- 070 143 115 (За корисниците на Т Мобиле)

- 077 143 705 (За корисниците на VIP)

Жиро сметка: 530 5000 151 92 970 - Охридска банка

Ви благодариме однапред на сите!

Интер - Милан 4:2

Пријатели

Кој е на сајтот?

Има 63 гости присутни

Нашата Facebook страница
Следи не на Twitter