ЦСКА Москва мора да земе три бода на Џузепе Меаца и да се надева на нерешен резултат на другиот натпревар од групата Б за да обезбеди пласман понатаму. Интер веќе со 10 бода е прв во групата иако на стартот од натпреварувањето загуби на домашен терен од Трабзонспор.
Клаудио Раниери не го потценување значењето на овој натпревар. На вчерашната прес – конференција изјави дека е фокусиран на натпреварот и очекува неговиот тим да настапи добро.
Интер изминатиот викенд загуби на домашен терен од Удинезе со што се продлабочи кризата на тимот во италијанското првенство, па токму затоа овој натпревар може да биде психолошки многу важен за играчите.
Маикон, Лусио и Весли Снајдер се надвор од тимот поради повреда. Жулио Цезар ќе добие одмор и ќе биде заменет од Лука Кастелаци, додека Дејан Станковиќ ќе биде подготвен за настап иако не тренираше вчера.
Тренерот на ЦСКА Москва изјави дека неговиот тим е во добра форма и подобрен од последниот дуел со Лиле, но и дека овој натпревар не може да се спореди со било кој претходен против Интер. Леонид Слутски исто така имаше и пофални зборови за Јуто Нагатомо за неговиот последен натпревар во Москва.
Сергеј Игнашевич ќе биде достапен на Леонид Слутски по повредата на зглобот. Игор Акинфеев, Зоран Тошиќ, Томаш Нечид и Марк Гоназел се повредени веќе подолго време.
Италијанските медиуми очекуваат Интер да настапи со далеку подмладен состав од оној кој до сега настапуваше во Лигата на Шампионите и Калчото.
| < Пред | Следно > |
|---|



