Думбиа го отвори резултатот, Камбиасо израмни во следниот напад а Березутски ги постави конечните 1-2 во 41 минута од вториот дел. И покрај овој пораз, Интер заврши на првото место од групата Б.
Првиот дел заврши без победник, откако и двата тима имаа неколку шанси кои не успеаа да ги реализираат. Најпрво се закани ЦСКА Москва на два пати преку Вагнер Лов и еднаш преку Думбиа, но Самуел и Ранокиа ги блокираа нивните обиди.
Првата позрела шанса Интер ја имаше во 12 минута откако пасот од Милито во шеснаесетникот не успеа да го искористи Нагатомо кој не беше блокиран од никого.
Во продолжението, по еднаш со удар од далечина се заканија се заканија Вагнер Лов кај ЦСКА и Кутињо кај Интер, но голманите на двете екипи беа на висина на својата задача.
Најубавата шанса ЦСКА ја имаше во 35 минута по нафрлената топка од Џагоев која не успеа да ја искористи Вагнер Лов и само го префрли Кастелаци.
На крајот од првиот дел одлична шанса имаше и Милито, но голманот на ЦСКА успеа да го блокира ударот. Во судиското продолжение од првиот дел, по еден корнер, Милито повторно се обиде да го совлада голманот Габулов, но неговиот удар заврши над голот.
Второто полувреме донесе повеќе возбудувања и три гола. За Интер во игра влегоа Калдирола и Зарате на местата на Кутињо и Киву.
ЦСКА Москва први поведоа уште во 5 минута со голот на Думбиа. Ранокиа задоцни да реагира, а на Думбиа не му беше тешко да ја смести во гол одличната топка од Вагнер Лов.
Интер израмни уште во следниот напад преку Камбиасо. Зарате нафрли од корнер, ударот на Ранокиа со глава го одбрани голманот Габулов а одбиената топка стигна до Камбиасо кој ја затресе мрежата.
Интер уште два пати се закани преку Милито и Ранокиа, но Габулов беше поуспешен. Најдобрата шанса по последниот голот ја имаше Диего Милито кој од само едно метро од голот на Габулов со глава успеа да ја погоди пречката на голот по одличната нафрлена топка од Хавиер Занети.
Она што не успеа да го искористи Милито и Интер, го казни ЦСКА Москва преку Березутски кој со глава го совлада Кастелаци по еден корнер.
Во судиското продолжение од натпреварот, еден центаршут во шеснаесетникот на Нагатомо беше изблокиран со рака од еден од играчите на ЦСКА, но судијата не виде причина за пенал.
| < Пред | Следно > |
|---|



