Брзо инфо
Руи Патрицио би можел да биде следната мета на Интер »
И покрај понудите, Форлан сака да остане во Интер »
Договорoт на Киву најверојатно ќе се обнови деновиве »
Страмачиони е нов тренер на Интер »
Еспањол сака да го купи Кутињо »
Џонатан во Парма како позајмен играч до јуни »
Калдирола како позајмен играч во Бреша до јуни »
Поранешниот играч на Интер, Мансини, е осуден за силување! »

Немавме доволно среќа

Е-пошта Печати PDF

ranieri-lice-2Интер со пораз ја заврши групната фаза од Лигата на шампионите, но сепак успеа да го обезбеди првото место во групата по пауза од пет години. По натпреварот со ЦСКА, Раниери изрази задоволство од играта и карактерот на своите играчи, но додаде дека среќата не била наклонета на нивна страна оваа вечер.

„Обезбедивме пласман понатаму порано и тоа е она што ме прави среќен,“ - истакна Раниери. „Оваа вечер создадовме пет или шест шанси за гол, а јас не можев повеќе да барам од играчите, бидејќи тие реагираа и сакаа да победат, но среќата не беше на нашата страна.“

„Кога топката не сака да влезе, треба да почекаме, порано или подоцна среќата ќе не послужи.“

Запрашан дали е задоволен од играта, тој одговори: „Имаме многу прашалници, но јас не сум незадоволен од денешниот натпревар. Многу играчи добија шанса да стекнат искуство и сите тие сакаа да победат вечерва. Не можам да кажам дека тие ме изневерија бидејќи излегоа на теренот онака како што посакував.“

„Милито? Понекогаш и најдобрите напаѓачи знаат да промашат такво нешто.“ - беа последните зборови на Раниери.

Коментари (0)
Напиши коментар
Your Contact Details:
Коментари:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img]   
Security
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved."

 

Добредојдовте!

te_sakam_001

Важно!!!

На еден наш многу добар пријател му е потребна помош. Димитар Димоски има 20 години и од 2005 година боледува од Кронова болест со фистулозни форми заради што повеќе пати е хируршки третиран. Досега е лекуван со 5-ACA препарати, кортикостероиди, а од 2010 година е на континуирана имуносупресивна терапија со азатиоприн (имуран), но без соодветен одговор. Согласно светските искуства и протоколи за третман на оваа тешка болест и нејзините компликации, неопходно е започнување со терапија со Infliximab (Remicade) која чини околу еден милион денари.

Покажете ја вашата хуманост и завртете на следните броеви:

- 070 143 115 (За корисниците на Т Мобиле)

- 077 143 705 (За корисниците на VIP)

Жиро сметка: 530 5000 151 92 970 - Охридска банка

Ви благодариме однапред на сите!

Интер - Милан 4:2

Пријатели

Кој е на сајтот?

Има 61 гости присутни

Нашата Facebook страница
Следи не на Twitter