Интер го доби Олимпик Марсеј за противник во првото коло од нокаут фазата во Лигата на Шампионите. Првиот натпревар Неразурите ќе го играат во Марсеј на 22 февруари, а реваншот е на 13 март.
Клаудио Раниери изјави дека овој меч за него претставува шанса за одмазда бидејќи тренерот на Марсеј Дидие Дешамп го исфрли од ЛШ во 2004 кога Раниери беше тренер на Челзи, а Дешамп на Монако.
„Сите тимови се силни, ќе ви кажам дали сум среќен со ждрепката по двата натпревари. Најважна работа е како ќе влеземе во натпреварите физички и ментално, затоа што ако немаме проблеми способни сме да победиме било кого.“ - изјави Раниери.
„Не сме премногу загрижени не затоа што играме со Марсеј туку затоа што имаме намера да поминеме добро. Најважно ќе биде да сме во добра форма и сите фудбалери да бидат подготвени за мечот“ - рече Ернесто Паолило кој беше присутен на ждрепката.
Преостанатите двојки се:
Наполи - Челзи
Милан - Арсенал
Лион - Апоел
Базел - Баерн Минхен
Баер Леверкузен - Барселона
ЦСКА Москва - Реал Мадрид
Зенит - Бенфика
| < Пред | Следно > |
|---|



