
И двата тима имаа исцрпувачка недела, а психолшкиот фактор најверојатно ќе биде клучен за тоа кој од Интер и Наполи ќе го добие утрешниот натпревар.
Интер значително се подобри под водство на Раниери и успеа да забележи две многу битни победи за враќање на самодовербата и подобрување на својата позиција. Стратегот од Рим објасни дека едноставно ги сослуша фудбалерите за позициите кои им одговараат на теренот и се врати на победничките патеки од минатото. Како што вели Јуто Нагатомо: „На сите ни се допаѓа Раниери.“
Очигледно е дека тимот ужива под водство на Раниери, но колкава е вистинската сила на Интер би требало да се види на средбата со Наполи. По тешкиот натпревар со ЦСКА Москва, тимот на Раниери се подготвува за најсериозниот тест до сега во Калчото, тимот на Наполи, повторно без Весли Снајдер.
Дејан Станковиќ кој во меѓувреме се врати од повредата би требало да го започне натпреварот од клупата за резервни играчи, што значи дека младиот Нигериец Џоел Оби ќе добие предност пред искусниот српски репрезентативец.
Во меѓувреме, Наполи има уште еден голем тест пред себе. Тимот забележа уште еден импресивен резултат победувајќи го шпанскиот Виљареал во Лигата на Шампионите, но Валтер Мацари призна дека е загрижен за начинот на играта кој ја исцрпува целата енергија од играчите.
Едисон Кавани најверојатно ќе го пропушти натпреварот со Интер што ќе биде и голем проблем за нападот на Наполи. На негово место би требало да биде нашиот Горан Пандев за кого ова би била одлична можност да прикаже добра игра.
Поразот од Киево сеуште го чувствува тренерот Мацари, додека траат препукувањата околу приоритетите на Наполи. Претседателот Де Лаурентис ги форсира играчите во Лигата на Шампионите, додека пак значајни авторитети од Неапол како Фабио Канаваро велат дека Наполи има потенцијал да го освои Скудетото, додека шансите во ЛШ се многу помали.
Мацари веќе појасни дека е тешко да се балансира тимот за двете натпреварувања. Како ќе му изгледа поставата со Интер и како ќе одиграат играчите, ќе биде показател дали овој тим на Наполи може да игра на два фронта.
Да се внимава на: Езекил Лавеци (Наполи) - Тој беше единствениот фудбалер кој правеше разлика во нападот на натпреварот со Фиорентина, и во отсуство на Кавани, Наполи пак ќе бара инспирација во Лавеци.
Интер (можен состав): Цезар, Нагатомо, Лусио, Самуел, Киву, Занети, Камбиасо, Оби, Алварез, Форлан, Зарате.
Наполи (можен состав): Де Сантис, Кампањаро, Канаваро, Ароника, Маџо, Инлер, Гаргањо, Досена, Хамшик, Пандев, Лавеци.
-
|2011-09-30 16:06:59 Петар - re:buki пишувал:izglea samuel ste go zaboravile bidejki samo 10 igraci se spomneti na nasiot tim.pozz :))
Самуел ке добие црвен картон затоа не го спомнуваат ^^
-
|2011-09-30 16:02:31 bukiizglea samuel ste go zaboravile bidejki samo 10 igraci se spomneti na nasiot tim.pozz :))
!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved."
| < Пред | Следно > |
|---|




Благодариме за исправката. :)