
Иако се чинеше дека Интер ја преброди кризата со победите против Каљари и Сиена, тимот повторно загуби од Удинезе минатиот викенд на Џузепе Меаца. Раниери призна дека поразот од Удинезе е тежок за тимот и дека очекувал неговиот тим да одигра добар натпревар и бодовите да останат во Милано. Но тоа не беше случај.
Натпреварот од Лигата на Шампионите во средата против ЦСКА Москва беше резултатски неважен, но сепак лошо влијаеше врз тимот откако Интер повторно загуби и повторно на Меаца.
Неразурите имаат пет порази на домашен терен, многу повеќе од онаа бројка која што секој би ја претпоставил. Поради формата и статистиката, тимот на Фиорентина го има секое право да се надева на поволен исход на Меаца.
Фиорентина имаат два бода предност во однос на Интер и се наоѓаат на 10 место. Ако Интер загуби од Удинезе, тогаш Фиорентина имаа одличен резултат со екипата на Рома на Артемио Франки. Иако Рома го заврши натпреварот со осум играчи, останува впечатокот од импресивниот настап и победата од 3-0.
Хавиер Занети по добиениот само втор црвен картон во неговата сезона ќе се приклучи на армијата повредени играчи: Киву, Мунтари, Снајдер, Форлан, Вивиано, Оби и Станковиќ.
Маикон и Лусио се назад во тимот по повредите, но големи се шансите да не го започнат натпреварот.
Рикардо Монтоливо ист о така би можел да го пропушти овој натпревар поради повреда, а сигурно ќе отсуствуваат дефанзивците Касани и Кролдруп.
| < Пред | Следно > |
|---|



