Конечно добра игра и заслужени 3 бода. Без дефанзивни грешки, со многу шанси и напаѓачка игра. Човек на натпреварот е избран Пацини, иако промаши убава шанса кон крајот на натпреварот, а интер како тим има оценка 6.5.
Цезар: 6
Немаше работа. Две интервенции за пофалба, слободниот на Варгас и ударот со глава на Силва.
Маикон: 6
Се врати од повреда после 40 дена. Првите 45 минути не беше тој, но се поправи во вторите.
Лусио: 6.5
Се врати со свежи нозе и одигра добро. Често излегуваше како победник во дуелите со Џилардино.
Самуел: 6.5
Исто како и Лусио, многу добро одигра против Џилардино, кој беше осамен напред.
Нагатомо: 6
Среќен гол. Но конечно погажа желба, трчаше без престан, и беше добар во одбрана. Има само 6 поради едно, не можеме да разбереме зашто константно пробуваше да шутира од 35 метра далечина.
Фараони: 7
Момчето функционираше со Маикон многу добро. Го покриваше исто како и Занети што го прави тоа, цело време го пазеше и Варгас. Да не заборавиме дека и трчаше без престан, како Господ да го тера да не престане да трча.
Камбиасо: 6.5
Обично кога времето поминува, тој паѓа во играта, што не беше случај вчера. Беше таму каде што му требаше на Интер. Средината на Фиорентина немаше простор за игра.
Мота: 6
Еден од малкуте кои додава искра и брзина во нападот. Но често играше со многу ризик, непотребни подавања и предолго држење на топката. За малку немаше среќа да постигне гол од 20тина метри.
Кутињо: 6.5
Придонесе многу во играта, пред и после асистенцијата кон Пацини. Проба и неколку шутеви, и наше мислење, треба почесто да шутира, одличен е во тоа.
Милито: 5.5
Немаше многу простор, затоа почна да се извлекува на крило. Играше за тимот, а не за себе. Иако, не секогаш успешно.
Мунтари: 5.5
Немаше играно од Октомври, и ете доби шанса сега. Промаши златна шанса за 3-0.
Зарате: 5.5
Продолжува да ја игра неговата игра. На почетокот во Интер мислевме дека се смени, сега се враќа на старото. Ова е повеќе апатетично отколку себично. Дали не ја разбира филозифијата на Интер и Раниери?
Пацини: 7
Нема ништо што прави лесно, но и фактот останува, не сака да постигнува лесни голови. Промаши шанса кон крајот за 3-0, која беше лесно да се даде, а голот го постигна од мртва ситуација. Се движеше повеќе од обично и беше инволвиран во играта, како и во вториот гол на Нагатомо.
Раниери: 6.5
Овој пат, видовме побрз и подобар ритам, а помалку предвидлив Интер.
| < Пред | Следно > |
|---|



