
Цезар: 7
Се двоумевме дали тој или Нагатомо да бидат избрани за човек на натпреварот. Многу пати во вистинско време истрча и ја боксуваше топката, но класата ја покажа по шутот на Велосо. Одличен рефлекс.
Занети: 6
Негова работа беше да покрива по денсната страна, каде што беа Фараони и Алварез. Добро го покри Констант. Имаше една грешка и ја изгуби топката во опасната зона.
Лусио: 6
Во чуден и здодевен за одбрамбените играчи натпревар, најважно е да останеш фокусиран. Тоа и беше Лусио.
Самуел: 6
Игра 8 натпревари по ред, и се враќа на стариот Самуел. Се посигурен, и лидер во одбраната.
Нагатомо: 7
Ова е вистински гол, за разлика од оној минатото коло. Стана и голман да го сопре шутот на Роси. Цел натпревар трчаше и покриваше, му зададе на Роси вистински главоболки.
Фараони: 5
Еден од послабите поединци. Не ја повтори играта од Фиорентина, но тука и немаше простор за тоа, Џенова често се бранеше со 8 играчи. Едноставно ги изгуби нервите.
Тиаго Мота: 5.5
Играше во својот ритам, но не бараше да ја креира играта како обично. Приметивме и дека кон крајот на натпреварот го изгуби здивот комплетно.
Камбиасо: 6
Каде и да имаше дупка, тој беше таму да ја покрие. Ништо спектакуларно сепак.
Поли: 6
Секоја чест за момчето. Беше надвор од терените 4 месеци. Дебито, на лево крило која дефинитивно не е негова позиција, во нов тим. Трчаше многу, но сепак му требаше малку повеќе концентрација.
Милито: 5
Да не беше Нагатомо, сите ќе ги зборуваа неговте грешки. Уште една во низата грешки, сега од само неколку метри, сам пред Фреј.
Форлан: N/A
Пацини: 5.5
Играше солидно, и можеби заслужува повеќе. Но не можеме да го изоставиме фактот дека доби одлична топка за 2-0, и шутираше директно во Фреј.
Алварез: 6.5
Многу поконкретен натпреварот. Без безпотребни потези, му ја сервираше топката како на тацна на Нагатомо, и ја погоди стативата.
Оби: 6
Ја знае својата работа, да биде војник по левата страна. Напаѓаше, покриваше во одбрана, и праќаше долги топки кон Форлан.
Раниери: 6
Во право беше, играше тежок натпревар против тим кој се бранеше со 9 играчи. Забарикадиран. И тоа без Маикон и Снајдер, главните дистрибутери на топки. Се гледа колку му недостасуваат тие двајца. Се гледа и по фактот што Лусио и Самуел беа оние кои пробуваа со долги топки да ги најдат напаѓачите.
| < Пред | Следно > |
|---|



