Интер забележа трета победа по ред, и трет пат со малку создадени шанси успеа да стигне до трите бода. Како и со Џенова, така и со Чезена единствен стрелец беше играч од одбраната, но овој пат централниот дефанзивец Андреа Ранокиа.
Жулио Цезар: 7
Цезар беше многу повеќе одлучен од Ранокиа, и неговата одбрана по одличниот удар на Гезал е подеднакво вредна како и гол.
Маикон: 6
Се врати во тимот по паузата во вторникот. Неколку грешки од Бразилецот, но секогаш беше на висина на задачата во клучните моменти.
Лусио: 6.5
Прецизни движења на Лусио, беше еден од најдобрите во одбраната.
Ранокиа: 6
Лошиот ден одеднаш стана прекрасен: го постигна првиот гол оваа сезона. Ранокиа го замени Самуел во одбраната, но покажа голема несигурност.
Нагатомо: 6
Доби аплауз од фановите на неговиот поранешен тим. За малку ќе постигнеше и трет последователен гол со одличен удар. Исто така Комото и Лауро заработија жолти картони по стартови над Јапонецот.
Занети: 5.5
Настапи како десно крило и остави многу празен простор во првиот дел, во вториот дел значително се поправи.
Мота: 6
Многу подобар од Камбиасо во неговиот пресинг, исто така успеа и да реализира 84 пасови.
Камбиасо: 5.5
Делуваше споро против Гуана и Пароло.
Кутињо: 5
Не се снајде на левата страна. Оправдана заменет на полувремето.
Оби: 5.5
Го замени Кутињо и успеа да ја „скроти“ Чезена по левата страна.
Пацини: 5.5
Првиот центаршут успеа да го пресретне дури по еден час игра.
Форлан: N/A
Милито: 6
Успеваше да се вклопи во играта на Интер(за разлика од Пацини) секогаш кога ќе беше пробиена одбраната на Чезена. Сепак, немаше ниту една шанса во опасната зона.
Станковиќ: N/A
Раниери: 6
Негова 150 победа во Сериа А, трета последователна победа.
| < Пред | Следно > |
|---|



