„Се што направивме досега припаѓа на минатото и е осудено на заборав. Се што е важно сега е натпреварот со Лацио - силна, динамична екипа“ - изјави Клаудио Раниери на прес конференцијата пред утрешниот дуел со римскиот клуб.
Тренерот на Интер додаде дека овој натпревар за него не е дерби туку тежок натпревар против тим кој освоил повеќе бодови на гости отколку на Олимпико во Рим. Лацио загуби само од Сиена во последниот натпревар од 2011 година, но веднаш потоа се врати на победничките патеки. Ако се гледа по вторите полувремиња, Лацио има најдобар скор во лигата.
Запрашан дали без Диас и Хернандез Лацио ќе биде полесен противник, Раниери одговори: „Роки можеби ќе недостига но мислам дека Диас и Хернандез ќе играат.“
Раниери продолжи: „Направивме големи чекори но сега имаме голема препрека која треба да ја преминеме. Мора да ја задржиме концентрацијата, посебно поради фактот што играме на секои три дена. Како ќе изгледа составот? Следниот натпревар секогаш има приоритет и ќе се обидам да извадам компетитивен состав. Потребни ми се сите фудбалери кои можат да дадат 100%.“
Сите фудбалери, а во нив и Весли Снајдер: „Тој играше прв пат после два месеци но изгледа самоуверено. Потребна му е минутажа за да се врати во форма но нема да ја направам истата грешка два пати. Минатиот пат реков дека ќе се врати во форма со играње но тој се повреди. Затоа овој пат го враќам полека.“
Запрашан за трансфер пазарот, Раниери одговори:
„Јас го давам своето мислење само за фудбалери кои играат за клубот. Не сакам да зборувам за други фудбалери. Дали ни требаат напаѓачи? Мислам дека Пацини е во подобра форма од Милито. Тој игра многу добро и работи напорно за тимот. Тоа е важно затоа што ако не го правиме тоа повторно ќе се вратиме на старите проблеми. Тиаго Мота е уникатен фудбалер. Дали мислам дека е добро да го продадеме или не ќе кажам само на состанок со одговорните луѓе, не пред новинари. Тој е важен фудбалер за нас, како што знае и претседателот, но секогаш има разни аспекти кои треба да се разгледаат.“
Дали Раниери ја отфрла можноста Снајдер и Алварез да играат заедно?
„Ќе видиме. Не отфрлам ништо, тоа не е дел од мојата филозофија. Мислам дека добрите фудбалери треба да се постават на вистински места на теренот. Моја задача е да ги пронајдам тие места и да постигнам рамнотежа. Не го сторив тоа со Удинезе и ја плативме цената.“
| < Пред | Следно > |
|---|



