Брзо инфо
Руи Патрицио би можел да биде следната мета на Интер »
И покрај понудите, Форлан сака да остане во Интер »
Договорoт на Киву најверојатно ќе се обнови деновиве »
Страмачиони е нов тренер на Интер »
Еспањол сака да го купи Кутињо »
Џонатан во Парма како позајмен играч до јуни »
Калдирола како позајмен играч во Бреша до јуни »
Поранешниот играч на Интер, Мансини, е осуден за силување! »

Интер го симна Лацио од четвртото место

Е-пошта Печати PDF

pazzo-lazio-12Интер успеа да стигне до седмата победа по ред во Сериа А, или осмата се на се заедно со онаа против Џенова оваа недела, благодарение на пресвртот со головите на Милито и Пацини, откако претходно Томазо Роки ги донесе гостите во водство.

Раниери излезе со неочекуваната 4-4-2 формација, иако претходно 4-3-1-2 донесе стабилизација во играта и неколку победи во низа. Нагатомо беше прекомандуван на десната крилна позиција, додека Алварез започна како лево крило со поголема слобода во движењето.

Интер започна без никаква иницијатива или шанса за гол, со многу грешки во додавањата во средината. Првата шанса ја имаше Томазо Роки кој ја погоди стативата, но 10 минути подоцна, успеа одлично да се снајде и да го совлада Цезар по додавањето од Ледезма.

По примениот гол, Алварез премина во средината, додека Нагатомо ја промени страната, што донесе блага иницијатива. Алварез имаше удар од далечина на десетина минути пред крајот на полувремето, а Интер својата прва шанса ја претвори во гол, откако Алварез и Милито одлично проиграа, „ил принчипе“ успеа со лева да го совлада Маркети.

Во второто полувреме, двојна замена уште на стартот. Снајдер на местото на Алварез и Оби на местото на Киву. Интер имаше поголем дел од играта, „билдајќи“ го поседот, но без посериозна шанса. Вториот гол, голот за водство дојде како подарок од дефанзивната стоперска двојка на Лацио, кои несмасно реагираа, а Пацини успеа да го собере „подарокот“ и да го лобува Маркети. 2:1 за Интер.

Веднаш потоа, Снајдер имаше обид од далечина, но Маркети успеа да одбрани. По неколку минути, шанса за Снајдер од слободен удар, но Холанѓанецот биеше за малку над пречката. Реа го внесе Сисе, кој создаде шанса во продолжението за израмнување, но Цезар одлично реагираше. До крајот, Интер се повлече на својата половина, а Раниери го внесе Фараони на местото на Милито.

Нова победа на Интер со која што нераѕурите се искачија на четвртата позиција во италијанската лига. Во наредното коло, следува дуелот со Лече, додека Јувентус и Удинезе кои што се наоѓаат пред Интер имаат меѓусебен дуел, што е добра можност за дополнително приближување кон водечките.

Коментари (2)
  • El_Principe
    Go Gledam Vrvot...NAS E ! FORZA INTER !!!
  • dare
    DIEGO MILLITO EL PRINCIPE
Напиши коментар
Your Contact Details:
Коментари:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img]   
Security
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved."

 

Добредојдовте!

te_sakam_001

Важно!!!

На еден наш многу добар пријател му е потребна помош. Димитар Димоски има 20 години и од 2005 година боледува од Кронова болест со фистулозни форми заради што повеќе пати е хируршки третиран. Досега е лекуван со 5-ACA препарати, кортикостероиди, а од 2010 година е на континуирана имуносупресивна терапија со азатиоприн (имуран), но без соодветен одговор. Согласно светските искуства и протоколи за третман на оваа тешка болест и нејзините компликации, неопходно е започнување со терапија со Infliximab (Remicade) која чини околу еден милион денари.

Покажете ја вашата хуманост и завртете на следните броеви:

- 070 143 115 (За корисниците на Т Мобиле)

- 077 143 705 (За корисниците на VIP)

Жиро сметка: 530 5000 151 92 970 - Охридска банка

Ви благодариме однапред на сите!

Интер - Милан 4:2

Пријатели

Кој е на сајтот?

Има 55 гости присутни

Нашата Facebook страница
Следи не на Twitter