Брзо инфо
Руи Патрицио би можел да биде следната мета на Интер »
И покрај понудите, Форлан сака да остане во Интер »
Договорoт на Киву најверојатно ќе се обнови деновиве »
Страмачиони е нов тренер на Интер »
Еспањол сака да го купи Кутињо »
Џонатан во Парма како позајмен играч до јуни »
Калдирола како позајмен играч во Бреша до јуни »
Поранешниот играч на Интер, Мансини, е осуден за силување! »

Сакам да создадам машинерија од Интер

Е-пошта Печати PDF

ranieri-press-calcioИако утрешниот противник е тим кој што се наоѓа во опасната зона за преселба во Сериа Б, Раниери на денешната прес конференција ги предупреди своите играчи дека Лече е тим кој што докажал дека е многу опасен, повикувајќи на претпазливост во пресрет на утрешното гостување.

„Треба да отпатуваме таму знаејќи дека не очекува тежок натпревар. Козми им вроди карактеристика на пожртвуван тим. Исто така, во нивните редови тие имаат неколку опасни играчи како Ди Микеле, кој постигна исто онолку голови колку што и Милито постигна. Потоа, го имаат Муриел, кој постигна гол против нас на Меаца. Да не го заборавиме и брзиот Гвардадо,“ - нагласи Италијанецот. „Седумте последователни победи во Сериа А не ми значат ништо. Не ме интересираат рекорди, само трите бода.“

„Ме интересира како ќе одговори тимот по поразот од Наполи во средата во Купот на Италија. Ние потфрливме во Неапол, но одигравме добро. Влегуваме во вториот дел од сезоната и се надевам дека ќе продолжиме во ист стил.“

„Нервозата на Снајдер? Мило ми е што го забележавте тоа, но исто така не забележавте дека во вториот дел тој беше многу посмирен. Јас имам целосна доверба во него.“

Запрашан зошто Тиаго Мота не е дел во тимот и дали неговот изоставување е поврзано со неговиот трансфер во ПСЖ, Раниери одговори: „Не ме интересира што кажуваат роднини на играчите. Доколку одиме по таа логика, јас би требал да седнам на Фејсбук или Твитер и да им одговарам на сите нив. Тој не е во тимот бидејќи докторот така ме советуваше, а не дека е изолиран од другите. Што се однесува до неговото останување во тимот, би рекол дека има уште неколку дена до изминувањето на трансфер периодот, па да почекаме и видиме. Најважно е да останеме сите смирени.“

„Трансфер пазарот? Да почекаме уште неколку дена. Што очекувам? Очекувам играчите да тренираат под моите инструкции, бидејќи тоа е задачата на секој тренер - да ги натера играчите да го дадат својот максимум. Кастињос и Кутињо? Најтешко е да се советуваат млади играчи. Сите ние понекогаш сме се нашле на раскрсници и секогаш е важно да се одбере вистинската насока.“

На крај, новинарите во прес центарот го запрашаа Раниери дали е подготвен да превземе повеќе ризик и да го насочи Интер кон понапаѓачка игра.

„Кога ќе ги имам Снајдер и Форлан во тимот, нема повеќе да размислувам за поените кои ќе не вратат во место за Лигата на шампионите. Ние започнавме доцна, со прилично голема негатива во однос на водечките, но се враќаме. Не би прогнозирал до каде стигнавме во моментов, но се надевам дека нема да потфрлиме во продолжение.“

„Знам само дека враќањето на овие два шампиона ќе ни даде друга димензија. Би сакал да создадам машинерија која што нема да биде зависна од одредени играчи и која ќе им се спротиставува на сите без никаков страв и без никаква почит.“ - заврши Раниери.

Коментари (3)
  • Nino  - OVOJ KAZUVA DOBRI VICOVI
    hhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa

    hahahahahahahahahahahahahahhahaaa
  • Admin  - re: :D
    krste пишувал:
    admin objavete gi novite dresovi na inter sto se za na gosti !!! i za doaganjeto na guarin

    Тоа што кружи низ интернетот не е официјално дека ќе бидат нови дресови, кога ќе бидат официјално претставени тогаш ќе ги пренесеме бидејќи сега воопшто не е период за претставување нови дресови.
    Гуарин изјавил дека воопшто не е пристигната понуда од Интер за него, така да нема што да се каже повеќе. Исто така потврди дека само Јувентус до сега испратиле понуда која била одбиена од Порто.
  • krste  - :D
    admin objavete gi novite dresovi na inter sto se za na gosti !!! i za doaganjeto na guarin
Напиши коментар
Your Contact Details:
Коментари:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img]   
Security
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved."

 

Добредојдовте!

te_sakam_001

Важно!!!

На еден наш многу добар пријател му е потребна помош. Димитар Димоски има 20 години и од 2005 година боледува од Кронова болест со фистулозни форми заради што повеќе пати е хируршки третиран. Досега е лекуван со 5-ACA препарати, кортикостероиди, а од 2010 година е на континуирана имуносупресивна терапија со азатиоприн (имуран), но без соодветен одговор. Согласно светските искуства и протоколи за третман на оваа тешка болест и нејзините компликации, неопходно е започнување со терапија со Infliximab (Remicade) која чини околу еден милион денари.

Покажете ја вашата хуманост и завртете на следните броеви:

- 070 143 115 (За корисниците на Т Мобиле)

- 077 143 705 (За корисниците на VIP)

Жиро сметка: 530 5000 151 92 970 - Охридска банка

Ви благодариме однапред на сите!

Интер - Милан 4:2

Пријатели

Кој е на сајтот?

Има 56 гости присутни

Нашата Facebook страница
Следи не на Twitter