Брзо инфо
Руи Патрицио би можел да биде следната мета на Интер »
И покрај понудите, Форлан сака да остане во Интер »
Договорoт на Киву најверојатно ќе се обнови деновиве »
Страмачиони е нов тренер на Интер »
Еспањол сака да го купи Кутињо »
Џонатан во Парма како позајмен играч до јуни »
Калдирола како позајмен играч во Бреша до јуни »
Поранешниот играч на Интер, Мансини, е осуден за силување! »

Многу голови, но болен резултат. Интер 4 - 4 Палермо.

Е-пошта Печати PDF

milito-diego-03

Милито феноменален. 4 голови во еден натпревар, заслужува највисоки оценки. Но, тоа што го красеше Интер последниве години, вечерва потрфрли. Тоа е одбраната. Интер прими дури 4 голови, и покрај 4те постигнати, не успеа да победи.

Натпреварот се играше во тешки услови, со многу снег и тешка видливост. На почетокот Интер го имаше првиот солиден напад, Пацини нафрли, а Снајдер со глава за малку не погоди. Палермо играше доста отворено, и ја превзема иницијативата во почетните 15тина минути. Затоа дојде во водство, со голот на Мантовани во 17тата минута, по одличниот корнер на Миколи. Лоша реакција од комплтната одбрана на Интер.

Но Интер не се предаде. Почна да напаѓа и постигна гол за 1-1. Милито беше стрелец, по малку несмасна реакција на играчите на Палермо. Интер започна со жестоки напади, и имаше неколку обиди. Најголемата шанса да дојде во водство ја имаше преку Камбиасо, по нафрлувањето од Снајдер, кога Балзарети и Вивиано успеаа да го сопрат. Првото полувреме заврши. Полувреме исполнето со многу грешки од двете страни, како и грешки на судиската тројка.

Второто полувреме започна лошо за Интер. Миколи со глава одлично реагираше, и постигна гол за 1-2 во 52рата минута. Повторно лоша реакција од одбраната на Интер која беше спора. Но само 3 минути подоцна, одлична акција на Поли и Нагатомо по левата страна, и Нагатомо беше соборен во шеснаесетникот. Пенал за Интер и само жолт картон за Муњоз. Дискутабилно е дали беше само жолт или не, поради тоа што Нагатомо беше во полн трк и прв човек пред голманот на Палермо. Милито го изведе пеналот, и постигна гол, 2-2. Интер продолжи да напаѓа, и 6 минути подоцна, во 61 минута постигна гол, повторно Милито, и Интер за прв пат дојде во водство на натпреварот.

Но радоста траеше кратко. Само 5 минути подоцна, Миколи го постигна својот втор гол на натпреварот и израмни на 3-3. По трет пат лоша поставеност на одбраната, која не го забележа од втор план, и на Миколи не му беше тешко да ја смести топката во мрежа. Раниери тука ја направи првата измена, го извади денеска одличниот Поли, а дебитираше Паломбо. После неколку минути, направена е и втората измена, излезе Снајдер а на негово место влезе Оби. Интер напаѓаше, и во 69тата минута дојде по втор пат во водство, и повторно преку Милито. Дебитантот Паломбо одлично го пронајде Занети, кој нафрли во шеснаесетникот на Палермо, Пацини ја сврте топката до Милито, и овој постигна гол.

Интер од тука натака изгледаше сигурен. Интер ја имаше контролата, и постигна петти гол, но гол кој беше неправедно поништен. Овој резултат беше активен се до крајот на натпреварот, кога на 4 минути пред истекот на регуларното време, Миколи постигна хет трик и израмни на 4-4. Гол кој наликуваше на вториот и гол кој ги скрати надежите на Интер дека сепак може да стигне до победа и Скудетото. После прмениот гол беше направена и последната измена во редовите на Интер, Зарате го замени јунакот кај Интер, Милито. Интер можеше и да го загуби натпреварот, затоа што на 2 минути до крајот Палермо доби слободен удар на 17 метри од голот на Цезар, но Миколи биеше за малку непрецизно.

Трилер натпревар, одличен за неутралните гледачи. Но тажен ден за навивачите на Интер, кои се надеваа на победа, и доближување до врвот. Следува тешко густвање во Рим кај Рома, каде Интер ќе се обиде, и МОРА да оди на победа. Се друго би било еднакво на пораз.

Коментари (5)
  • Dejan-inter vo srce
    Pozdrav do site plukaci uste ednas od EL PRICNCIPE :):) 4 GOLA :)
    FORCA EL PRINCIPE
  • razocaran od seljacite
    Idiot neviden se igra li so Cmbiasso v odbrana li be majmuni niedni, go upropasti timot ovoj Moratti, so bezveze igraci koi ne znaat da trcaat ubavo, a kamoli fudbal da igraat.
  • Dzole
    Срамота!!!Да примиш 4 гола на домашен терен од просечен тим како палермо е жив резил, да не спомнувам дека од 9 гола што миколи ги даде сезонава, 5 се против Интер.Како тргнала работава работава ќе го сањаме и тоа 3 место.Катастрофа!!!
  • gigi 2
    Uauauaua pederista..... kako i da e cestito utresen praznik na site koi go slavat a,po se izgleda ke slavime poveketo oti Inter pak ni go nabi... 4 pati od pozadi!!! Cetiri gola od Palermo t.e. Mikoli na denesno vreme so onaa konstitucija i kilaza na onie godini da ti dade 3 gola toa e spored mene kluc na vrata pred Apiano Gentille oti navistina e zalosno ova sto go pravi Inter,ziva sramota...Arivederci INTER!!! GRANDE MILITO PER SEMPRE!!!
  • bruno  - ...
    Momentalno kako sto ni e ekipava mozeme samo da si duvame vo Shupak .. KOMPLET OD TRENER DO POVEKJETO IGRACI >>>> A I TRANSVERI MNOGU JAKI PRAVIME ...:SSSS
Напиши коментар
Your Contact Details:
Коментари:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img]   
Security
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved."

 

Добредојдовте!

te_sakam_001

Важно!!!

На еден наш многу добар пријател му е потребна помош. Димитар Димоски има 20 години и од 2005 година боледува од Кронова болест со фистулозни форми заради што повеќе пати е хируршки третиран. Досега е лекуван со 5-ACA препарати, кортикостероиди, а од 2010 година е на континуирана имуносупресивна терапија со азатиоприн (имуран), но без соодветен одговор. Согласно светските искуства и протоколи за третман на оваа тешка болест и нејзините компликации, неопходно е започнување со терапија со Infliximab (Remicade) која чини околу еден милион денари.

Покажете ја вашата хуманост и завртете на следните броеви:

- 070 143 115 (За корисниците на Т Мобиле)

- 077 143 705 (За корисниците на VIP)

Жиро сметка: 530 5000 151 92 970 - Охридска банка

Ви благодариме однапред на сите!

Интер - Милан 4:2

Пријатели

Кој е на сајтот?

Има 55 гости присутни

Нашата Facebook страница
Следи не на Twitter