Интер се наоаѓа во тешка позиција откако по одличната серија од победи, два последовалтени натпревари Интер губи бодови и прими осум голови, по четири во двата натпревари што е прв пат во историјата на клубот.
Значајноста на поразот од Рома се чувствува цела недела, од изјавата на Масимо Морати дека некои од играчите не даваат се од себе во натпреварите, до признанието на Хавиер Занети дека првите две позиции од табелата се недостожни за тимот.
Присуството на Масимо Морати на тренинзите на Интер додава тежина на гласините дека се подготвува чистка во клубот, односно како што пренесуваат медиумите, Морати побарал од играчите да ја докажат нивната вредност против Новара.
Во претходното коло Новара успеа да ја прекине низата од порази и успеаа да го забележат нивниот прв натпревар без примен гол откако натпреварот со Каљари заврши 0-0.
Тимот на Новара и понатаму верува дека ќе успее да обезбеди опстанок, додека Интер се надева со уште една добра серија на резултати да обезбеди пласман во Лигата на Шампионите.
Раниери ќе може повторно да смета на Снајдер кој тренираше изминатава недела, додека Форлан иако е во тимот не е 100% подготвен.
Во текот на утрешниот ден ќе ги очекуваме и можните состави на двата тима. Натпреварот започнува во 15:00 часот а директен пренос ќе има на Телма Телевизија.
| < Пред | Следно > |
|---|



