Брзо инфо
Руи Патрицио би можел да биде следната мета на Интер »
И покрај понудите, Форлан сака да остане во Интер »
Договорoт на Киву најверојатно ќе се обнови деновиве »
Страмачиони е нов тренер на Интер »
Еспањол сака да го купи Кутињо »
Џонатан во Парма како позајмен играч до јуни »
Калдирола како позајмен играч во Бреша до јуни »
Поранешниот играч на Интер, Мансини, е осуден за силување! »

Историја

Е-пошта Печати PDF

inter-grb

ФК Интернационале Милано или почесто именуван како Интер, е италијански фудбалски клуб од Милано. Формиран на 9 март, 1908 година откако се случил раскол во Фудбалскиот и Крикет Клуб Милан, сега познат како АЦ Милан. Група Италијани и Швајцарци (Муџани, Босар, Лана, Бертолони, Де Олма, Енрико Хинтерман, Артуро Хинтерман, Карло Хинтерман, Пиетро Дел’Оро, Уго и Ханс Ритман, Фелкел, Манер, Виф и Карло Андруси) кои биле незадоволни од доминацијата на Италијаните во Милан, се одвоиле од тој клуб, што довело до креација на Интернационале. Уште од почетокот, клубот бил отворен за странци што му дава значење на неговото име. Оригиналниот прекар на клубот на италијански бил La Beneamata (Ла Бенеамата), Галеници.

Интер го освои своето прво Скудето во 1910, а второто во 1920 година. Капитен и истовремено и тренер на првиот златен тим бил Вирџилио Фосати, роден во Милано и брат на Џузепе Фосати (кој го освои второто Скудето). За жал Вирџилио Фосати загинал за време на Првата Светска Војна.

Во 1928, за време на ерата на фашизмот, Интер бил принуден да направи фузија со Унионе Спортива Миланезе и да го промени своето име во Амброзиана СС Милано, а дресовите биле променети од сино-црни во бели со црвен крст, кој го претставувал грбот на градот. Во 1929 името било променето во А.С. Амброзиана. Ова не им се допаѓало на навивачите кои и понатаму го извикувале името Интер, па во 1931 името било променето во Амброзиана-Интер.  Клубот ги освоил титулите во домашното првенство во 1930 и 1938, потоа го освоил првиот Куп на Италија во 1939, редводен од големиот Џузепе Меаца, по кој подоцна ќе биде именуван стадионот. Во 1940 освоена е петтата титула, а подоцна клубот си го враќа името ФK Интернационале Милано, кое го задржува до ден денес.

Во годините после војната, Интер го освои своето шестто Скудето во 1953 и седмото во 1954 година. После освојувањето на овие две титули, за Интер следуваше период кој со златни букви е запишан во неговата историја, влезе во ера позната како La Grande Inter (Ла Гранде Интер), Големиот Интер. За време на овој златен период, клубот под водство на аргентинскиот стратег Хеленио Херера стана 3 пати првак на Италија во 1963, 1965 и 1966 година. Најважните моменти во оваа декада ги вклучуваат двата едноподруго триумфа во Купот на Европските Шампиони. Во 1964 година, Интер за првпат триумфираше во ова најсилно натпреварување, победувајќи го во финалето славниот шпански клуб Реал Мадрид. Следната сезона, играјќи на нивниот стадион, Џузепе Меаца, Интер по вторпат го освои Купот на Европските Шампиони победувајќи ја португалска Бенфика. За време на овие славни денови, многу големи играчи го носеа црно-синиот дрес: Луис Суарез, Џакинто Факети, Сандро Мацола, Анџело Доменгини, Марио Корзо. Сопственик и претседател на клубот беше Анџело Морати, татко на денешниот сопственик. Тој понуди огромна сума на пари за да ги купи Еузебиу и Пеле; двајцата се согласија да играат за Интер, но политиката замеша прсти. Воените диктатури во Португалија и Бразил одбија да ги регистрираат трансферите, со што обидот на Анџело Морати за Дрим Тим пропадна. Во 1967 година, Интер загуби со 2:1 во финалето на Купот на Европските Шампиони од шкотски Селтик.

 

После златните шеесетти, Интер успеа да го освои своето 11-то Скудето во 1971 и 12-то во 1980 година. Вторпат во пет години Интер беше поразен во финалето на Купот на Европските Шампиони губејќи 2:0 од Ајакс на Јохан Кројф во 1972 година. За време на седумдесеттите и осумдесеттите, Интер двапати триумфираше во Копа Италија во 1978 и 1982 година. Освои ново Скудето во 1989 година.

Периодот потоа до 2006 година е познат како „тешки времиња“ за нероазурите. Во овој период Интер никако не успеваше да дојде до титулата, но многуте сомнителни случувања во Сериа А придонесоа да избие скандалот познат како „Калчополи“, по што на 4 клуба им беа одземени бодови а Јувентус беше казнет и со преселба во понизок ранг.

Сепак, во овој период Интер успеа дури три пати да го освои Купот на УЕФА и тоа против Рома во 1991, Казино Салцзбург во 1994 и Лацио во 1998, а уште еднаш играше во финалето  но го загуби двомечот против Шалке по изведување на пеналите.

Периодот од 2006 наваму изминува во тотална доминација на Интер на апенинскиот полуостров. Клубот нанижа вкупно 5 титули во Италијанската серија А со што го израмни рекордот на Јувентус за освоени 5 трофеи едноподруго. Сезоната 2009-2010 ќе остане запишана како најдобра во историјата на клубот. Во оваа сезона Интер успеа да стане првиот италијански клуб кој го освоил треблето односно Италијанската лига, Италијанскиот куп и Лигата на Шампиони, а исто така ќе биде запишано и дека Интер е првиот клуб чии играчи биле единствените носители на награди во лигата на шампиони, односно Жулио Цезар за најдобар голман, Даглас Маикон за најдобар одбранбен играч, Весли Снајдер за најдобар играч од средината и Диего Милито за најдобар напаѓач, Милито ја освои и наградата за најдобар играч во лигата на шампиони.

Сезоната 2010-2011 ја донесе светската круна во рацете на Интер. После победата над Мазембе во финалето на светскиот куп, Капитенот Хавиер Занети по петти пат истата сезона крена трофеј, овојпат светскиот со што Интер стана најдобриот Италијански клуб кој освои најмногу трофеи во една година. Исто така победата во купот на Италија на Интер му донесе два трофеја, едниот за купот а другиот кој за првпат се додели односно купот во чест на 150 годишнината од обединувањето на Италија.

 

 

Коментари (3)
  • krste petrov
    povtorno se vraka stariot sjaj na INTER...onoj so pobednicki duh....odime kon nov trofej FORZA INTER
  • DAVID--inter  - inter
    VE SAKAM INTER Sekogas vo srcevo ke ve nosam nikogas nema da se odkazam od vas ako mozete da me razberete..Ne sum eden od predavnicite sekogas ke ve sakam i ke navivam za vas INTER.. pozdrav.. i pozdrav do site navivaci od INTER
  • tomislav  - FORZA INTER, SEMPRE INTER
    samo sakam da gi pozdravm site navivaci na nasiot INTER:)
Напиши коментар
Your Contact Details:
Коментари:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img]   
Security
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved."

 

Добредојдовте!

te_sakam_001

Важно!!!

На еден наш многу добар пријател му е потребна помош. Димитар Димоски има 20 години и од 2005 година боледува од Кронова болест со фистулозни форми заради што повеќе пати е хируршки третиран. Досега е лекуван со 5-ACA препарати, кортикостероиди, а од 2010 година е на континуирана имуносупресивна терапија со азатиоприн (имуран), но без соодветен одговор. Согласно светските искуства и протоколи за третман на оваа тешка болест и нејзините компликации, неопходно е започнување со терапија со Infliximab (Remicade) која чини околу еден милион денари.

Покажете ја вашата хуманост и завртете на следните броеви:

- 070 143 115 (За корисниците на Т Мобиле)

- 077 143 705 (За корисниците на VIP)

Жиро сметка: 530 5000 151 92 970 - Охридска банка

Ви благодариме однапред на сите!

Интер - Милан 4:2

Пријатели

Кој е на сајтот?

Има 82 гости присутни

Нашата Facebook страница
Следи не на Twitter