
Во поголемиот дел од неговата 100 годишна историја, Интер носел дресови со црно-сини линии. Кога бил основан клубот во 1908, црната боја била одбрана да ја претставува ноќта, а сината да го претставува небото.
По спојувањето со Унионе Спортива Миланезе, Интер го променил името во Амброзиана СС Милано, а дресовите во бели со црвен крст, кој го претставувал знамето на градот.
После втората светска војна, клубот го вратил името и старите бои, што водело до прекарот „Нероазури“. Белиот дрес со знамето на Милано се користи одвреме - навреме како резервен (гостински) дрес.
Еден од прекарите на Интер е "I Biscione" што значи „големата тревна змија“. Одбран е затоа што во хералдиката на Милано змијата има големо значење. Се наоѓа на грбот на „Куќата на Сфорца“ која владеела со Италија од Милано, во текот на периодот на Ренесансата, на градскиот грб на Милано, грбот на „Војводството на Милано“ - 400 годишна држава настаната по Римската Империја и грбот на Инсурбија - географски регион во кој спаѓа Милано.
Уште еден прекар на клубот е „Ла Бенеамата“, или „Галеници“.



