Брзо инфо
Руи Патрицио би можел да биде следната мета на Интер »
И покрај понудите, Форлан сака да остане во Интер »
Договорoт на Киву најверојатно ќе се обнови деновиве »
Страмачиони е нов тренер на Интер »
Еспањол сака да го купи Кутињо »
Џонатан во Парма како позајмен играч до јуни »
Калдирола како позајмен играч во Бреша до јуни »
Поранешниот играч на Интер, Мансини, е осуден за силување! »

Ривалства

Е-пошта Печати PDF

trofeo_tim1Интер има неколку ривалства со други екипи, од кои две се многу значајни за Италијанскиот фудбал.  Се разбира, тоа се ривалствата со Јувентус и Милан.

Дербито со Јувентус се нарекува уште и „Дерби на Италија“, фраза со која во 1967 славниот италијански спортски новинар, Џани Брера, го опишал дербито помеѓу двете најтрофејни екипи.

Името се задржало и понатаму затоа што покрај историјата на ривалство и самата фудбалска треска што владее на Апенинскиот полуостров пред секоја средба на овие две екипи, Интер и Јувентус беа единствените две екипи кои никогаш не играле во понизок ранг (Милан два пати играше во Сериа Б во 80-тите).Ова се промени по последниот „Калчополи скандал“, но и понатаму ќе остане фразата „Дерби на Италија“, како синоним за најголемиот фудбалски судир во Италија.

Дербито со вечниот градски ривал Милан се нарекува уште и „Derby della Madonnina“ , по едно од најпознатите места во градот, статуата на дева Марија на катедралата Дуомо, која обично се нарекува „Мадонина“.

Ривалството трае уште од 1908, кога еден дел од членовите на Милан, незадоволни од политиката која клубот ја водел кон странските играчи, го напуштаат и го формираат Internazionale.

Дербито создава одлична атмосфера во градот и на стадионот, кој е исполнет со многу транспаренти, често навредливи или хумористични. Често се случува навивачите да внесат и пиротехнички средства и да направат огномет.

 

Во последната деценија, трите клуба го играат Тим Трофеј купот, натпреварување во кое сите екипи играат меѓусебно по 45 минути, што преставува увертита во сезоната која претстои.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментари (0)
Напиши коментар
Your Contact Details:
Коментари:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img]   
Security
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

!joomlacomment 4.0 Copyright (C) 2009 Compojoom.com . All rights reserved."

 

Добредојдовте!

te_sakam_001

Важно!!!

На еден наш многу добар пријател му е потребна помош. Димитар Димоски има 20 години и од 2005 година боледува од Кронова болест со фистулозни форми заради што повеќе пати е хируршки третиран. Досега е лекуван со 5-ACA препарати, кортикостероиди, а од 2010 година е на континуирана имуносупресивна терапија со азатиоприн (имуран), но без соодветен одговор. Согласно светските искуства и протоколи за третман на оваа тешка болест и нејзините компликации, неопходно е започнување со терапија со Infliximab (Remicade) која чини околу еден милион денари.

Покажете ја вашата хуманост и завртете на следните броеви:

- 070 143 115 (За корисниците на Т Мобиле)

- 077 143 705 (За корисниците на VIP)

Жиро сметка: 530 5000 151 92 970 - Охридска банка

Ви благодариме однапред на сите!

Интер - Милан 4:2

Пријатели

Кој е на сајтот?

Има 84 гости присутни

Нашата Facebook страница
Следи не на Twitter